Синоќа во Лондон се одржа манифестацијата „Модни награди“ на која им беше оддадено признание на најуспешните во модната индустрија за годината која изминува.
На свеченоста, за Најдобар британски дизајнер на женска облека беше прогласена Клер Вејт Келер од Живанши, а статуетката нејзе ѝ ја врачи војвотката Меган. За Модел на годината беше избрана Каја Гербер, Гучи стана Бренд на годината, додека за Дизајнер на годината беше прогласен Пјер Паоло Пичоли од модната куќа Валентино.
Погледнете како изгледаа славните гостинки на црвениот тепих пред „Ројал Алберт Хол“ и оценете го нивниот стил:









































