• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Stefani & The Upper Room – Вечер на надеж, вера и современа христијанска госпел музика

23 март 2026, 14:31
  • cподели
Стефани Барбутова

На 28 ми март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Младинскиот културен центар [MKC]во Скопје ќе се одржи третиот по ред концерт на Stefani & The Upper Room – концерт што прераснува во традиција и симбол на духовно обединување  преку музиката.
Овој концерт претставува повеќе од музички настап. Тоа е вечер исполнета со песна и силна порака за надеж. Публиката ќе има можност да ужива во изведби на госпел и современа христијанска музика – жанрови што ја носат светлината на верата и љубовта преку моќни вокали, хармонии и врвни музичари.

Stefani & The Upper Room

Госпел музика – музика на надеж и вера

Госпел музиката со децении се препознава како музика што охрабрува, лекува и обединува. Нејзините корени се длабоко поврзани со духовноста и христијанската традиција, а во нејзината срж стои пораката за спасение, љубов и вера во Бог.
Современата христијанска музика ги спојува модерните музички изрази со духовни пораки, правејќи ја достапна и блиска до сите генерации. Токму таков е и звукот на Stefani & The Upper Room – комбинација од традиционален госпел дух и современ музички израз.

Која е Стефани Барбутова?

Зад овој проект стои Стефани Барбутова – пејачка, автор на христијанска музика, родена во Струмица. Таа е основач на Credo Collective, платформа посветена на создавање и промоција на оригинална христијанска музика во Македонија и пошироко.

Нејзината мисија е преку музиката да ја пренесе пораката на надеж, вера и духовно охрабрување. Таа верува дека музиката има сила да допре до срцата на луѓето, особено во времиња на предизвици и неизвесност.

Stefani & The Upper Room

Што да очекувате на 28 март?

Публиката може да очекува динамична и инспиративна вечер исполнета со моќни  вокални изведби, хорски делници, авторски песни и познати христијански композиции, како и атмосфера на заедништво и духовна радост.

За оние кои сакаат поексклузивно искуство, достапни се и VIP билети. Со VIP билетите посетителите ќе имаат можност за лично запознавање со бендот и со Стефани Барбутова, фотографирање, кратка средба и споделување на моменти зад сцената. Ова претставува единствена можност за директна интеракција со уметниците и подлабоко доживување на мисијата на The Upper Room.

Настанот е отворен за сите. Сите заинтересирани можат да го обезбедат своето место преку онлајн купување билети на mktickets.com или на karti.com.mk. Со купување билет, посетителите не само што стануваат дел од концерт, туку и ja поддржуваат мисијата на ширење на порака за надеж и вера преку музиката.

За оние кои сакаат поексклузивно искуство, достапни се и VIP билети. Со VIP билетите посетителите ќе имаат можност за лично запознавање со бендот и со Стефани Барбутова, фотографирање, кратка средба и споделување на моменти зад сцената. Ова претставува единствена можност за директна интеракција со уметниците и подлабоко доживување на мисијата на The Upper Room.

Во време кога на светот му е потребна повеќе надеж, ваквите настани потсетуваат дека музиката има моќ да обедини, да охрабри и да донесе мир.

Концертот на Stefani & The Upper Room на 28ми Март ветува вечер исполнета со духовна енергија, радост и порака што останува во срцата.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Stefani & The Upper Room посетете ја веб страната www.credo-collective.com или на Instagram

Најнови

  • Стефани Барбутова

    Stefani & The Upper Room – Вечер на надеж, вера и современа христијанска госпел музика

    Mon, 03/23/2026 - 14:31
  • Концерт на Давид Темелков во Скопје

    Предлог за брак и два часа магија на концертот на Давид Темелков во Скопје

    Mon, 03/23/2026 - 13:39
  • „Можеби во Скопје децата ќе ме сакаат“: Тетката на дете со попреченост со моќна порака за родителите

    Mon, 03/23/2026 - 13:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.