„Среќна 40-ка пилче мое“: Маја Кикириткова пресреќна покрај децата и сопругот на неговиот роденден
Александар Трајковски, сопругот на Маја Кикириткова, го прослави својот 40. роденден покрај најблиските.
По тој повод, македонската дизајнерка на социјалните мрежи сподели фотографии и видеа од семејната прослава. Славеникот со широка насмевка позираше со својата сакана и со двете деца Лазар и Ева.
Не изостана ниту слатка порака со која Маја му ја честиташе новата животна декада.
„Влезе во нова декада од животот, да ти се множат годините, да ни бидеш жив и здрав и заедно да славиме до бесконечност. Среќна 40-ка пилче мое. Те сакаме“ – напиша таа покрај објавата.
Маја откри и дека како роденденски подарок избрала скара „за да ѝ готви секој ден“.
Парот стапи во брак во август 2017 година.