• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Среде хемотерапии за агресивен тумор, матурант од Србија успеа да оди на забавата и доби силни овации

5 јуни 2026, 10:15
  • cподели

Од болничката соба до матурската прослава... Виктор Милетиќ засекогаш ќе го памети последниот средношколски ден.

16-годишниот тинејџер од Србија, кој води тешка битка со ретка и агресивна форма на рак, успеа да си ја оствари големата желба да биде дел од матурската вечер со своите соученици.

Виктор моментално се лекува во Хјустон, САД, а во паузата меѓу терапиите допатува во Белград за да присуствува на прославата која со месеци ја очекувал. Неговата мајка Андреа на социјалните мрежи сподели емотивно видео од изборот за матурант на вечерта.

Кога било спомнато името на Виктор, неговите соученици почнале гласно да скандираат, да го прегрнуваат и да му даваат поддршка.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Andrea Miletic✨️🤍 (@andrea.miletic89)

„Го оставам овој пост овде како потсетник на љубовта, пријателството и добрината.

Виктор со месеци размислуваше само за тоа дали меѓу хемотерапиите ќе успее да дојде на матурата, а не можам со зборови да ја опишам неговата среќа што навистина успеа.

Додека го избираа матурантот на вечерта, неговите соученици го скандираа неговото име, го прегрнуваа и го бодреа од сè срце.

Благодарност до овие прекрасни деца што му покажаа дека е сакан, прифатен и дека никогаш не е сам.

❤️ Ова е еден од оние спомени што остануваат за цел живот 🥹 – напиша мајката.“

Животната приказна на Виктор е исполнета со предизвици уште од раѓањето. Роден предвреме како близнак, тој се соочил со сериозни здравствени компликации и церебрална парализа. И покрај мрачните прогнози, успеал да надмине многу од ограничувањата и да живее активно детство.

Во 2024 година му бил дијагностициран тумор на карлицата со метастази на белите дробови и лимфните жлезди. По долгото лекување во Франција, Виктор го продолжил лекувањето во САД.

Tags
матура
рак

Најнови

  • Дуа Липа и Калум Тарнер

    Дуа Липа сподели фотографии од отмената свадба, објави дека Кети Пери ќе пеe во Приштина

    Fri, 06/05/2026 - 11:25
  • Среде хемотерапии за агресивен тумор, матурант од Србија успеа да оди на забавата и доби силни овации

    Fri, 06/05/2026 - 10:15
  • „Срце што не замолчи, туку продолжи да бие!“: Успешно трансплантирани срце и бубрег од починат органодарител

    Fri, 06/05/2026 - 10:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.