„Срце што не замолчи, туку продолжи да бие!“: Успешно трансплантирани срце и бубрег од починат органодарител
Од Министерството за здравство вчера споделија две позитивни вести.
Благодарение на несебичноста на едно семејство и напорната работа на медицинските тимови, спасени се два човечки животи.
Успешно е трансплантирано срце од починат органодарител кај 52-годишен маж, кој од 2021 година бил на листата за чекање, а нов бубрег доби и 23-годишно момче.
Четири години чекање. Еден повик и момент што промени сè.
Срце што не замолчи, туку продолжи да бие!
🙏Во градите на 52-годишен пациент од денеска пулсира ново 🩷. Овој пациент од 2021 година е на Националната листа за трансплантација.
Симбол на нечија љубов која продолжува да живее и да носи светлина во друг живот.
Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи.
💗 Срцето не застана. Само продолжи да бие, во градите на некој друг.
Утрово 23-годишно момче се разбуди со нов бубрег.
Со нова шанса.
Со живот што повторно има смисла, по години на дијализа, болници и чекање.
Години на надеж дека ќе дојде неговиот ред.
И...дојде.
🙏 Благодарение на едно семејство, кое во моментите на најдлабока болка го погледна светот надвор од сопствената тага и одлучи да каже „ДА" за дарување орган на својот близок и "ДА" за спасување живот.