• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Срце со цвеќиња на интимна плажа, огромен дијамант: „Ангелот“ Алесандра Амбосио кажа „ДА“

12 август 2026, 09:59
  • cподели

Алесандра Амбросио се вери со Бак Палмер по две години врска.

45-годишната манекенка, која во минатото беше еден од ангелите на Victoria’s Secret, го прифати предлогот за брак на австралискиот дизајнер на накит. 

Среќниот пар ја сподели радосната вест на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии и видео од романтичниот предлог за брак кој се случил во април, за време на одморот на островот Сумба.

На фотографиите се гледа како Палмер клекнува на едно колено во срце исцртано на песокот, а Амбросио возбудено стои пред него. 

„Би те избрала во овој живот и во секој живот. До вечноста, љубов моја“ – напиша Амбросио покрај фотографиите.

Бразилската убавица откри и дека од запросувањето до објавувањето на веста поминале четири месеци.

„Пред четири месеци рековме ДА на вечноста. Овој прекрасен момент го чувавме блиску до нашите срца, а сега сме толку среќни што конечно можеме да го споделиме“ – напиша таа.

Алесандра и Бак првпат јавно ја потврдија својата врска кон крајот на 2024 година. Палмер тогаш напиша дека се заљубил во „неверојатна партнерка“ која секојдневно го инспирира и му носи повеќе радост во животот.

Алесандра Амбросио

Оттогаш, парот често споделува моменти од своите патувања низ светот. Во април, Амбросио поттикна гласини за свршувачка откако беше фотографирана со златен прстен.

Алесандра Амбросио со Бак Палмер

За Амбросио ова е втора свршувачка. Таа претходно беше верена со бизнисменот Џејми Мазур, со кого ги има 17-годишната ќерка Ања и 14-годишниот син Ноа. 

Палмер, пак, претходно беше во брак со Ешли Харт, сестрата на манекенката Џесика Харт.

Tags
Алесандра Амбросио
Бак Палмер

Најнови

  • Дејан Манасков и Билјана Стојановска

    Семејна среќа покрај Охридското Езеро: Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето Давид

    Wed, 10/07/2026 - 08:50
  • Фитнес тренерите Софија и Марио открија дека ќе станат родители со слатко видео на плажа во Дубаи

    Wed, 10/07/2026 - 08:04
  • Алкалоид со јубилеен спот

    Три извонредни македонски приказни: Генијот Македон, креативецот Сатја Грабул и научникот Ѓорѓи Петрушевски во спот на „Алкалоид“

    Tue, 10/06/2026 - 16:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.