• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Срце од шприцови: Моќна фотографија од близначиња зачнати со ин витро во „Њуборн Клиника“ во Скопје

10 јуни 2026, 11:10
  • cподели

Многу парови минуваат низ исклучително тежок, исцрпувачки и емотивен пат додека да се остварат во улогата на родители. Тоа е пат исполнет со безброј прашања, стравови, но и со надеж која никогаш не згаснува.

Семејство кое ги доби своите близначиња со помош на ин витро оплодување во „Њуборн Клиника“ во Скопје, сподели моќна фотографија која никого нема да го остави рамнодушен. На неа, малите близначки Василија и Ангелија безгрижно спијат во центарот на едно големо срце направено од десетици шприцови од инјекциите кои нивната мајка морала да ги прими во текот на целиот процес за да ги донесе на свет.

Фотографијата ја објавија од самата клиника, пренесувајќи ги силните емоции и огромната благодарност од родителите до д-р Татјана Гуржанова.

Близначиња зачнати со инвитро

„Најголемо благодарам до прекрасната докторка Татјана Гуржанова која беше наша најголема поддршка во целата бременост. Секогаш достапна, позитивна беше лек за нашиот страв и мир за едно нетрпеливо мајчино срце кое веќе преживеало една загуба. Докторката ни ја врати надежта и нема зборови со кои може да ѝ се заблагодариме. Голем поздрав од Василија и Ангелија, а ние ќе ве споменуваме во нашите молитви и засекогаш ќе имате посебно место за нас. Господ да ве благослови“ – стои во искрената порака од мајката.

Близначиња зачнати со инвитро

Тимот на „Њуборн“ со огромно задоволство порача:

„Нема зборови кои можат да го опишат чувството кога ќе прочитате вакво искрено признание. Стравот го заменуваме со мир, а неизвесноста со двојна радост. Најголема благодарност до семејството за прекрасните зборови упатени до д-р Татјана Гуржанова. Вашата среќа со Василија и Ангелија е наш најголем успех!“

Tags
Њуборн Клиника

Најнови

  • Аделина Тахири

    Сексапилна во бикини: Аделина Тахири ја истакна атрактивната фигура на одмор

    Tue, 07/28/2026 - 23:15
  • Беа во брак, сега нивните деца глумат заедно: Ќерката на Синди Крафорд и синот на Ричард Гир на премиера

    Tue, 07/28/2026 - 22:25
  • Не мора да изберете само еден: Balea летни гелови што чинат само 55 денари

    Tue, 07/28/2026 - 15:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.