Бојана Скендеровски ги разигрува фановите со нова песна со брз ритам. Македонската пејачка ја објави песната „Оди си“ заедно со спот.
Александар Тарабунов ги потпишува музиката и текстот, а Димитар Андоновски е автор на аранжманот.
„Можеби низ годините публиката ме препознаваше повеќе преку баладите, но ‘Оди си’ е песна што навистина многу личи на мене. Има темперамент, има движење, има енергија. Тара и Диме ме познаваат доволно добро за да знаат што чувствувам и што сакам да пренесам преку музика и токму затоа оваа песна ми е толку блиска“ – вели Бојана.
Видеoзаписот е снимен во Тирана, под капата на „Скендеровски продукција“, а целата приказна носи модерен звук со автентичен балкански сензибилитет, комбинација што лесно влегува под кожа.
„Ова е женска песна. Не во смисла на инает, туку во смисла на сила, став и емоција. Песна што ќе те натера и да запееш и да заиграш, ама можеби и да се пронајдеш во неа. Верувам дека токму затоа ќе ѝ се допадне на публиката“ – додава Бојана.
Видео