Спортистка и атрактивна дама: Ана Ивановиќ уживаше во Портофино, го живее животот до максимум по разводот
По разводот од Бастијан Швајнштајгер, Ана Ивановиќ очигледно го живее животот со полни гради.
38-годишната српска тенисерка постојано споделува фотографии од своите авантури на социјалните мрежи, а фановите не пропуштаат да ја опсипат со комплименти. Нејзината најнова авантура беше во романтичното Портофино, каде уживаше во тениски натпревари, живописни пејзажи, сончеви денови и забавни ноќи.
Спортски комбинации и модерни стајлинзи... Ана позираше во летни комбинации кои ја истакнаа нејзината неверојатна фигура.
Во коментарите, многумина напишаа дека поранешната тенисерка изгледа посреќно и посвежо од кога било.
Интересно е што Ивановиќ во неколку наврати има откриено дека не е приврзаник на строги диети. Наместо тоа, витката фигура ја одржува со избалансирана и квалитетна исхрана, како и активен начин на живот.
Ана и Бастијан започнаа да се состануваат во 2015 година, а една година подоцна стапија во брак во Венеција. Веста за разводот беше објавена во април 2025 година кога се дозна дека Ана веќе се вратила да живее во Белград со нивните три деца.

