Светското првенство во фудбал 2026 година беше отворено во знак на силна латино енергија, бои и незаборавен ритам.
Легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити синоќа беше центар на светот, а главната ѕвезда на спектакуларната церемонија на свеченото отворање беше Шакира, која повторно ја имаше честа да ја сними официјалната химна на првенството.
Популарната Колумбијка, која стои зад мундијалскиот хит „Waka Waka“, ја „запали“ сцената со изведбата на новата официјална химна „Dai Dai“. Неа ја придружуваше нигериската ѕвезда Бурна Бој.
Со енергична кореографија, препознатливото движење со колковите, моќни вокали и беспрекорни сценски ефекти, 49-годишната латино дива покажа дека со текот на годините изгледа и звучи сè подобро.
Погледнете го настапот:
Покрај Шакира и Бурна Бој, настапија и светските ѕвезди Андреа Бочели, Џеј Балвин, Тајла и Дани Оушн, додека за традиционалниот латино дух и домашната мексиканска атмосфера се погрижија Алехандро Фернандез, Белинда, култните Maná, Лила Даунс и Los Ángeles Azules.