Спектакуларни огномети и романтика: Елена од „Живот со стил“ и Љупка Митрова со сопрузите на Азурниот брег
Спектакуларните огномети над Азурниот брег беа совршена позадина за незаборавна летна вечер на Елена Најдоски од „Живот со стил“ и Љупка Митрова, кои деновиве уживаат во Кан со своите сопрузи.
Двете пријателки споделија фотографии и видеа од романтичната атмосфера покрај морето, каде што имаа можност да го проследат спектакуларниот огномет којшто го осветли небото над француската ривиера.
Елена и Љупка се бакнуваа со своите сопрузи, наздравија со чаша вино и уживаа во секој момент од уникатното доживување.
Елена и Љупка споделија и други фотографии од посетата на француската ривиера.