• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Спектакуларен концерт на Влатко Стефановски во Античкиот театар во Охрид

3 август 2018, 11:20
  • cподели

Најпознатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски, нa 1 август одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар во Охрид. Посетителите имаа прилика да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“ - првиот соло акустичен албум кој содржи инструментални верзии на македонски народни песни. Ова е 35-ти албум во неговата кариера, а на него, меѓу другите, поместени се и песните: „Зошто си ме мајко родила“ (посветена на Есма и Стево Теодосиевски), „Огреала месечина“, „Успаванка за Радмилу М“ – композиција за истоимениот албум на „Бијело дугме“ за која Влатко вели дека настанала во Скопје како минијатура за две гитари, Касапско оро и 13-осминското Пелистерско оро.

Охридско лето

Бројната публика во Античкиот театар уживаше во неверојатниот перформанс кој го приреди Влатко заедно со неговите пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.

Охридско лето Охридско лето Охридско лето

На концертот кој што долго ќе се памети, тој не заборави да му оддаде и признание на Оливер Драгоевиќ, изведувајќи акорди од неговата „Магдалена“, што предизвика огромно воодушевување и овации кај присутните. Нашиот виртуоз приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој тој неодмана истакна дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и секогаш претставува голема инспирација и возбуда за него. Овој негов настап дефинитивно се докажа дека е кулминација на сите негови трагања како музички, така и просторни.

Концертот на Влатко Стефановски во организација на Баги комуникации, го поддржа Македонски Телеком, кој воедно е главен покровител на „Охридско лето”.

Охридско лето Охридско лето
Tags
Охридско лето
Влатко Стефановски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.