• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Шпаркасе Банка“, прва банка во Република Македонија што финансира старт-ап бизниси во соработка со програмата ЕаСи на ЕУ

10 октомври 2018, 14:46
  • cподели

„Шпаркасе Банка Македонија“ ја претставува првата програма „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Македонија, по потпишувањето на спогодбата со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) во рамките на Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ. На старт-ап бизнисите ќе им бидат ставени на располагање околу 1,5 милиони евра во фондови гарантирани со Програмата вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ, финансирана од Европската Унија.

Чекор по чекор

„Шпаркасе Банка“ ќе го поддржи развојот на младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, кои имаат потреба од парични средства за понатамошен развој. „Чекор по чекор“ е првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди финансиска и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износ до 25.000 евра и понуда на разновидни пакети на образовна, финансиска и менторска поддршка.

Чекор по чекор Чекор по чекор

Осврнувајќи се на трансакцијата, Мериен Тисен, комесар за вработување, социјални прашања, вештини и мобилност на работна сила, изјави: „Младите претприемачи честопати се соочуваат со тешкотии во пристапот до кредити од традиционални банкарски извори. Со помош на финансиските гаранции на Програмата за вработување и социјални иновации на ЕУ, ’Шпаркасе’ на старт-ап бизнисите ќе им понуди заеми по намалени каматни стапки и помалку придружни барања. Ова е конкретен пример за тоа како Европската комисија го поддржува вработувањето и социјалната вклученост“.

Извршниот директор на Европскиот инвестициски фонд Пјер Луиџи Гилберт изјави: „Задоволство ми е да видам како ЕИФ тесно соработува со ‘Шпаркасе’, со цел да ја прошири својата дејност во рамките на ЕаСи. ЕИФ е посветена на поддршката на ранливите социјални групи, кои се соочуваат со економска и социјална маргинализација. Убеден сум дека поддршката на ЕУ ќе ѝ помогне на ‘Шпаркасе’ да допре до претприемачите од микро–бизнисите, чиј профил на ризик инаку би ги спречил да стасаат до традиционално банкарско финансирање“.

Глигор Бишев, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на „Шпаркасе Банка Македонија“, изјави: „Во рамките на одбeлeжувањето на десетгодишното присуство на ‘Шпаркасе Банка’ во Македонија, одлучивме да понудиме кредитна поддршка за динамичните и иновативни мали бизниси. На тој начин сакаме да обезбедиме пристап до финансиски средства на младата генерација претприемачи, кои во иднина ќе ја движат македонската економија. Кредитните средства се обезбедени од Европската комисија, преку програмата на Европската Унија за вработување и иновации, која ќе преземе дел од ризикот за овие кредити. Оваа програма, покрај кредитирање, на претприемачите им нуди и бесплатна обука, совети и менторства за отпочнување и водење бизнис“.

Чекор по чекор

„Шпаркасе Банка Македонија“ ќе ја имплементира програмата „Чекор по чекор“ во соработка со Social Impact Lab и Start Up Академијата преку имплементација на 8 различни образовни модули, кои ќе им овозможат на старт-ап бизнисите да разработат бизнис-план и со помош на финансиските средства да ја продолжат инвестициската активност или да го обезбедат потребниот фиксен работен капитал. Програмата е наменета за компании што се регистрирани пред помалку од 24 месеци и кои имаат потреба од парична и образовна помош, се наоѓаат во старт-ап фаза или во фаза на развој и вработуваат еден или помалку од 10 вработени. Повеќе детали за програмата и условите за аплицирање за заем се достапни на страницата www.sparkasse.mk.

Комерцијален текст

Tags
Чекор по чекор
Шпаркасе Банка
Шпаркасе

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.