• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Создадени првите Вибер стикери на македонски знаковен јазик

14 мај 2021, 08:37
  • cподели

Со цел да се поедностави мрежната комуникација помеѓу младите со оштетен слух и говор, но и да се им доближи знаковниот јазик на сите други корисници на комуникациската мрежа Viber, учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ учествуваа во изработка на стикери, кои се комбинација од македонски знаковен јазик и текст.

Во рамки на проектот „Одговорна иднина”, изминатиот период во училиштето „Партенија Зографски“ беа одржани повеќе работилници за графички дизајн под менторство на Јана Марковска од креативното студио „Do:More“, на кои учениците со оштетен слух и говор имаа можност да се запознаат со основните елементи и принципи на графичкиот дизајн.

Стикери за знаковен јазик

Од хартија и молив, до практична работа на една од примарните програми за графички илустрации учениците ги создадоа своите први персонализирани стикери. Работилниците се реализираа со логистичка помош од педагогот и толкувач Викторија Волак. За изработка на стикерите е користена нова модернизирана дворачна знаковна азбука, изработена од Лазар Ѓиков, поранешен ученик во „Партенија Зографски“.

Стикери за знаковен јазик

Благодарение на учениците Мухамед Асипи, Ивана Трајковска, Енис Аспиров, Јове Илиевски, Лаура Бектешовска, Јана Кацарска, Мираџ Аспиров, Кепсер Хасан, Мумудија Демирова, Мухамед Алиев, Кристина Стојковска, Марио Стојковски, Јовица Милановски и Ајдован Османовски, сега секој може да се запознае со основните комуникациски знаци кои ги користат лицата со оштетен слух и говор.

Проектот ,,Одговорна иднина” е во организација на Македонското модно здружение. Сите едукативни активности се поддржани од Образование за вработување во Северна Македонија - Е4Е. Стикерите може да се преземат бесплатно на линкот https://bit.ly/3vNaPJ5 или со скенирање на QR кодот.

Стикери за знаковен јазик
Tags
Одговорна иднина

Најнови

  • СИ-ДО

    „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“: Оригиналните изведувачи се враќаат на сцената за 30 години „СИ-ДО“

    Wed, 04/22/2026 - 18:50
  • СИ-ДО

    Три децении детски насмевки и музичка магија: „СИ-ДО“ го најавува своето 30. јубилејно издание полно со изненадувања

    Wed, 04/22/2026 - 18:45
  • Прв до врв

    Сите на Водно на 17 мај – следува најмасовниот Sparkasse Life Прв до врв

    Wed, 04/22/2026 - 15:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.