• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Коса

Совети за употребата на пена за коса

5 септември 2009, 16:09
  • cподели

Убавината на косата е основен дел од женската привлечност. Денес таа убавина не зависи само од гените или природата. Постојат милиони козметички продукти, кои ако се употребуваат правилно, можат да ѝ придадат здрав изглед на оштетената коса.

Пената за коса основно се употребува од жени со виткана коса, но може да биде идеален продукт и за правата коса затоа што создава блесок и волумен. Еве неколку совети, за употребата на пена за коса:

Виткана коса
Пената за коса помага во формирањето на локните.
  1. Различните пени се за различна намена. Некои од нив се наменети за виткана коса, а други за права. Некои се препорачуваат при употреба на фен или преса, а други при оформување на косата со прсти. Избирајте според изгледот кој сакате да го постигнете. Можете да откриете најразлични варијанти на различни цени. Пената за коса е економичен продукт, кој не се купува често, затоа инвестирајте во поквалитетни производи.
  2. Нанесете ја врз влажна коса. Така добивате мека коса со сјај.
  3. Не нанесувајте пена врз многу влажна коса. Искористете крпа за да ги исушите краевите пред да ја употребите пената. Таа дејствува најдобро кога косата е влажна 50-60%.
  4. Пробајте врз сува коса. Вашата коса нема да биде толку многу мека, но ќе добиете модерен „влажен“ изглед.
  5. Помалку пена – подобро за косата. Немојте да користите многу пена, затоа што може да добиете обратен ефект. Доколку нанесете големо количество косата ќе ви изгледа сплескана и разделена на прамени, а тоа не изгледа убаво. Ако не знаете колку да нанесете, почнете со мало количество. За многу долга коса, доволни се две нанесувања, секое со големина на мало јаболко.
  6. Сакате повеќе волумен? Овој ефект ќе го постигнете ако ја нанесувате пената додека сте наведнати надолу. Пената треба да биде еднакво застапена по различните прамени. Потоа и сушењето со фен правете го додека сте наведнати.

Најнови

  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати

    Fri, 01/09/2026 - 10:10
  • 11-годишната Вики по вторпат ја победи леукемијата: „Беше претешко да се најде донор, но Господ е голем“

    Fri, 01/09/2026 - 09:14
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.