• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сопругот на Британи Марфи даде изјава за медиумите

22 декември 2009, 12:59
  • cподели
Британи Марфи и Сајмон Монџек

За прв пат по неочекуваната смрт на младата актерка Британи Марфи, нејзиниот сопруг Сајмон Монџек даде изјава за медиумите.

„Мојот свет беше уништен вчера“ – изјави Монџек.

Сеќавајќи се на трагичниот ден тој изјави: „Нејзината мајка Шерон влезе во бањата, затоа што таа беше веќе долго време внатре. Викна по мене и јас истрчав. Тогаш се јавив на 911“.

„Беше уморна на крајот на годината. Таа направи неколку филма оваа година.“

Монџек откри и дека зборовите на Ештон Качер, кој воедно е и бивш на Британи, му делувале утешително.

По лошите вести за смртта на Британи, Ештон Качер на Твитер напиша:

“

Денес светот изгуби мало парче од сонцето. Моето најдлабоко сочувство за семејството на Британи, нејзиниот сопруг и нејзината прекрасна мајка Шерон. Ќе се видиме на другата страна малечка.

Веднаш по смртта на младата актерка, во медиумите се раширија гласини дека Сајмон не сакал да биде извршена аутопсија, но и покрај тоа аутопсијата беше направена.

Резултатите не покажаа ништо невообичаено и ги отфрлија разните тврдења дека смртта на Британи била предизвикана од предозирање со лекови. Во домот на Британи и Сајмон навистина биле пронајдени многу лекови и празни шишиња, но тоа најверојатно нема врска со нејзината смрт.

Токсиколошките резултати се очекува да бидат готови најдоцна до 6 недели, кога ќе биде соопштена точната причина за смртта.

Tags
Британи Марфи
Сајмон Монџек

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.