• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сопругата на Франц стана згодна бодибилдерка: По две родени деца, ослабе 16 килограми и освои 4 медали

8 април 2026, 13:56
  • cподели

Сопругата на Владимир Крстевски – Франц од Нокаут зачекори во светот на бодибилдерството.

По двете бремености и раѓањето на двете ќеркички, Ема Петреска одлучи да направи голема животна промена. Згодната фитнес зависничка, која веќе неколку години живее во Лос Анџелес заедно со поранешниот член на Нокаут и двете ќерки, ослабе 16 килограми и стана бодибилдерка.

Нејзиниот труд и дисциплината вродија со плод, па на своето прво натпреварување освои 4 медали во бодибилдинг со кои се пофали на социјалните мрежи.

На самиот настан, најголема поддршка ѝ беа Франц и ќерките, кои ја бодреа од публиката со рачно изработени плакати на кои пишуваше колку се горди на неа и дека таа е нивната кралица.

„Првпат се натпреварувам и освоив 4 медали! Многу сум благодарна за ова патување. Овој спорт ми го освои срцето. Научив што значи дисциплина и што може да постигне конзистентноста. Ова беше најтешкото нешто што некогаш сум го направила и сум неверојатно горда. Ослабев околу 16 килограми за речиси 5 месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно.“

„Длабоко сум благодарна на моето семејство, мојот неверојатен сопруг и моите две прекрасни ќерки, кои ме поддржуваа изминативе пет месеци“ – напиша Ема.

Франц и Ема се во брак од 2014 година, а нивниот живот далеку од татковината често привлекува внимание на социјалните мрежи.

Tags
Владимир Крстевски – Франц
Ема Петреска

Најнови

  • Сопругата на Франц стана згодна бодибилдерка: По две родени деца, ослабе 16 килограми и освои 4 медали

    Wed, 04/08/2026 - 13:56
  • Велигденски јајца

    Од кромид до куркума: Креативни идеи за ПРИРОДНО бојадисување на јајцата

    Wed, 04/08/2026 - 13:30
  • Мајка на три сина сакала да има ќерка, забремени со тројка и сите се МАШКИ

    Wed, 04/08/2026 - 12:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.