• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сопругата на Дадо Полумента возврати на одвратна порака за нивните деца откако сподели семејна фотосесија

14 август 2026, 08:51
  • cподели

Сопругата на пејачот Дадо Полумента реагираше остро откако доби навредлива порака која се однесува на нејзините деца по споделувањето на семејната фотосесија.

Ивона Полумента ја објави содржината на пораката на Instagram и ги повика следбениците да го пријават профилот од кој била испратена.

„Синот да ти има болест како сестрата на Дадо. Ти не можеш никогаш со Ана Марија, нејзиниот син е глумец за тие твои деца“ - стои во пораката која ја добила таа, алудирајќи на тешката здравствена состојба на сестрата на Дадо, Дајана.

Таа не остана рамнодушна на ваквото однесување и јавно порача дека ќе направи сè за да дознае кој се крие зад профилот.

„За мене е неправда на овој свет што со вакви луѓе вдишувам ист воздух. Но, само да видите што постои денес. Драг Боже, помогни им на ваквите луѓе. Секако дека ќе дознаеме кој стои зад ваквите профили. Не може само така секоја бедна личност да си дозволи да пишува што сака. Кај мене нема да може. Пријавете го профилот, ве молам“ – напиша таа.

Откако нејзините следбеници масовно го пријавија профилот, Ивона им се заблагодари за брзата реакција.

„Ви благодарам, прекрасни луѓе, за брзите реакции и што веднаш пријавивте. Но, личноста веднаш го избриша профилот по моето стори и мисли дека така се извлекла, но не, не... Кога некој ги допира моите деца, тука престанува секоја толеранција“ – напиша Ивона.

Навредливата порака беше објавена откако Ивона сподели прекрасна семејна фотосесија со сопругот Дадо и нивните три деца.

На фотографиите семејството позира во нежни бели комбинации. Слатките сестрички Алеа и Алиа го гушкаат своето мало братче Исак кое се роди пред нешто повеќе од еден месец.

32-годишната мајка напиша:

„Некогаш бевме само ние двајца.

Двајца луѓе кои не ни претпоставуваа колку љубов уште може да собере еден живот.
А потоа станавме мама и тато. Прво на едно девојче. Потоа на уште едно. А сега и на едно мало момче.

И со секое нивно доаѓање се роди некоја нова верзија од нас – понежна, похрабра, поисполнета.

Денес ги гледам овие фотографии и го гледам целиот свој живот на едно место. Сè што бевме. Сè низ што поминавме. И сè што создадовме заедно.

И еве нè денес... нас петмина. 🫀

Сè за што некогаш зборувавме, сонувавме и на што се надевавме, сега стои пред нас.

И би сакала да можам да го зачувам токму овој момент засекогаш.

Додека сите сме вака блиску, сите на едно место, сите наши.

Затоа што тие ќе пораснат. Овие мали раце повеќе нема да бидат толку мали.

И знам дека сето ова ќе помине пребрзо, затоа најмногу би сакала токму овој момент да го зачувам засекогаш.

Нив вака мали, нас вака заедно и чувството дека сè што го сакам е токму тука, покрај мене.

И ако еден ден некој ме праша што е највредното нешто што животот ми го дал, еве го ова.

Сè е тука.
Во еден кадар.
Целиот мој свет. 🙏🫀“

Tags
Дадо Полумента
Ивона Полумента

Најнови

  • Рита

    Хероина: Најмалото бебе родено во „Систина“ со само 610 грама го прослави првиот роденден

    Fri, 08/14/2026 - 09:31
  • Сопругата на Дадо Полумента возврати на одвратна порака за нивните деца откако сподели семејна фотосесија

    Fri, 08/14/2026 - 08:51
  • Ѓоковиќ во првиот ред на претстава кај Милош Биковиќ: „Секоја средба со тебе збогатува и инспирира“

    Thu, 08/13/2026 - 22:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.