• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Сопругата го носеше бебето ВО стомакот 9 месеци, ти носи го бебето НА стомакот 9 месеци: Татко со писмо со инструкции за мажите

14 октомври 2019, 12:14
  • cподели

Татко на три деца напиша листа со инструкции до помладата верзија од себе, а која треба да ја прочитаат сите мажи кои сè уште немаат дете.

Тед Гондер стана хит на социјалните мрежи откако неговата објава на Facebook како вирус се рашири од интернет корисниците. Прочитајте ја:

Тед Гондер

Во моментов имам 29 години и 3 деца со мојата сопруга, Франциска, која ги износи и ги роди како професионалец. Еве што би сакал да ѝ кажам на бездетната 24-годишна верзија од себеси за тоа како да биде грижлив партнер за време на фазата „настанување родител“:

  1. Сопругата го носеше бебето ВО нејзиниот стомак 9 месеци. Затоа, ти носи го бебето НА твојот стомак 9 месеци во секоја можна прилика. Не само што тоа ќе ѝ помогне да закрепне, туку и ќе те поврзе со твоето дете повеќе одошто можеш да замислиш.
  2. Сопругата дои, но иако тоа е прекрасно за неа и ја исполнува, исто така и ја истоштува. Затоа, менувај ја СЕКОЈА пелена што можеш. Од пелената број 1, па натаму. Брзо ќе го надминеш грозењето. И ќе ja заштитиш врската од неурамнотеженост и лутина. Фактички, кога сите пријателки на твојата сакана ќе се жалат дека нивните сопрузи се отсутни и дека немаат никаква поддршка од нив, твојата сопруга ќе се фали со тебе.
  3. Прави ѝ кафе без кофеин секое утре. Дури и да го остави ладно и да заборави да го испие во најголем дел од утрата зашто заспала додека ти работиш или ги носиш децата на училиште. Таа била будна цела вечер, хранејќи го бебето, па помогни ѝ да го започне денот на начин што ќе ѝ помогне да се расони.
  4. Кажи ѝ дека е убава и помогни ѝ да го види тоа во моментите кога најмногу се критикува себеси и се чувствува безнадежно за нејзиното тело. Потсети ја на времињата кога таа си ги постигнуваше целите. Потсети ја дека е суперхерој. Таа буквално си ги помести сите органи и се здебели над 10 килограми за да ти роди дете, кое ќе ти биде подарок до крајот на твојот живот. Помогни ѝ да види подалеку од нејзините комплекси за телото и да остане фокусирана на позитивна цел, ден по ден.
  5. Прифати ги „жешките моменти“. Хормоните се луди и пред и по породувањето. Таа нема да личи на себе секој ден и понекогаш ќе вели нешта кои не би ги рекла кога не би се чувствувала како да е мамурна, на преголема доза кофеин или на стероиди секој ден. Запомни, твоја работа е да бидеш нејзина поткрепа низ сето ова, па собери се и одржувај перспектива кога нејзиниот јазик ќе биде поостар одошто има намера најдобрата верзија од неа.
Тед Гондер

„Прекрасно. Единственото нешто кое би го додала е да правиш што повеќе фотографии од неа и од бебето. Единствените фотографии кои ги имам од моите бебиња се или со мојот бивш сопруг или од нив самите. Никој не ме фотографираше со нив, иако најчесто јас бев со нив“ – го советуваше една мајка во коментарите и доби голема поддршка.

Tags
татко

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.