Зухаир Мурад нè води на магично патување низ времето со својата најнова Ready-To-Wear колекција за сезоната есен/зима 2026, насловена „Luminous Rêverie“.
„Џовани Болдини, еминентниот сликар на Бел Епок (Убавата епоха), стапува на сцената за да ја воздигне колекцијата есен/зима 2026 година. Набљудувајќи ги неговите живописни платна, Зухаир Мурад скицира приказна која ја слави женственоста во сета нејзина сложеност: заводлива, мистериозна и одлучно модерна.
Секоја жена станува хероина во сопствената приказна. Таа се движи низ блескавиот Париз, каде љубовта, префинетоста и екстравагантноста ја обликуваат со секое движење. Тоа е златно доба кое трепери во шевовите, шепоти низ лелеавите волумени, се засилува преку длабоките нијанси и се лизга во смелите шлицови, шепотејќи ја тајната на париските ноќи“ – стои во соопштението на луксузната модна куќа.
Колекцијата беше презентирана и со видео: