Во време кога силно се препорачува седењето дома, сите талкаме по возбудливи новитети, па експериментирањето во кујната е не само забавна, туку и полезна активност. Додека одговорно се релаксирате во домашна атмосфера, ви предлагаме да испробате сочна, превкусна и поздрава алтернатива на класичните хамбугери – бургери од туна.
Направете ги за ручек или вечера и веднаш ќе се уверите дека многу брзо и лесно се приготвуваат, а уште побрзо се разграбуваат.
Состојки
| бургер лепчиња |
За плескавиците
| 2 конзерви | EVA туна на парчиња во маслиново масло (320 грама) |
| ½ шолја | магдонос |
| 2-3 | млади кромитчиња |
| ½ шолја | лебни трошки |
| 2 | јајца |
| 1 | лимон |
| 1 мала лажичка | свеж ѓумбир |
| 1 | чили пиперче |
| сол | |
| црн бибер | |
| масло за готвење |
За сосот
| 8-10 | кисели краставички |
| 3 големи лажици | мајонез |
Подготовка
- Исцедете ја EVA туната, но оставете малку од маслиновото масло и ставете ја во длабок сад. Исецкајте ги магдоносот, младото кромитче и чили пиперчето и додајте ги во туната. Исцедете го лимонот во смесата, ставете ги лебните трошки, јајцата и ѓумбирот, зачинете со сол и бибер и добро промешајте.
- Од смесата оформете плескавици во големина по желба. Од посочените состојки излегуваат 7 мали плескавици или 4 големи. Најдобро е да ги оставите половина час во фрижидер за да се постегнати пред готвењето.
- Пржете ги плескавиците во масло за јадење на средна температура по околу 3-4 минути од страна односно додека да придобијат златно-кафеава крцкава површина.
- За да го направите сосот, изрендајте ги на ситно киселите краставички и измешајте ги со мајонезот.
- Финиширајте ги бургерите така што во секое лепче ќе ставите марула, плескавица од туна и сос.
