• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Со програма за економско зајакнување на жените Diamond Mall ќе го одбележи својот трет роденден

31 јули 2026, 14:10
  • cподели
Diamond Mall

Со нова платформа за економско зајакнување на жените, Diamond Mall годинава го одбележува својот трет роденден, продолжувајќи ја традицијата роденденската прослава да биде повод за иницијативи што создаваат трајна вредност за заедницата. Во рамки на платформата „Diamond Mall - Центар за економско зајакнување на жените“ ќе се реализира првата програма за едукација и менторство, наменета пред сè за жени од ранливите категории, со цел да им помогне да ги стекнат потребните знаења, вештини и да им даде поддршка за започнување или развој на сопствен бизнис. 

Програмата ќе им овозможи на избраните учеснички да посетуваат практични обуки и менторски сесии што ќе ги реализираат партнерите и менторите на Diamond Mall, со цел да стекнат знаења и вештини што ќе им помогнат полесно да започнат или да го развијат сопствениот бизнис. Истовремено, програмата има за цел да ја поттикне економската независност на жените и да им обезбеди поддршка во развојот на нивните претприемачки идеи.

Повикот за пријавување ќе биде отворен од 1 август до 1 септември 2026 година. Во овој период, сите заинтересирани кандидатки ќе можат да ја пополнат апликацијата на веб страната Формулар за пријавување — Diamond Hub или истата да ја подигнат на инфо пултот во Diamond Mall, во која ќе ја претстават својата лична приказна, мотивацијата, визијата и идејата што сакаат да ја развиваат. По завршувањето на рокот за пријавување, стручна комисија ќе ги разгледа сите пристигнати апликации и ќе ги избере учесничките чии концепти се најинспиративни и најмногу одговараат на целите на програмата. Формуларот за пријавување, како и сите информации за проектот и условите за учество, ќе бидат достапни од 1 август, со почетокот на повикот за пријавување.

Избраните учеснички ќе бидат вклучени во програмата што ќе се реализира од 2 септември до 16 октомври, а ќе опфати практични обуки, предавања, менторски сесии и активности за јакнење на претприемачките и професионалните капацитети. Програмата ќе ја реализираат партнерите и менторите на Diamond Mall, кои преку своето знаење и искуство ќе им помогнат на учесничките полесно да ги развиваат своите идеи и да ги унапредат своите бизнис-потфати.

Целокупната иницијатива ќе кулминира на 21 октомври, кога Diamond Mall ќе го одбележи својот трет роденден. Во рамки на свечената прослава ќе бидат доделени сертификати на учесничките кои успешно ја завршиле програмата, а ќе бидат претставени и нивните впечатливи приказни и резултатите од проектот. Посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата музичка и забавна програма во живо. 

Како продолжение на оваа иницијатива, во декември ќе се одржи и Експо на производи и услуги, каде што учесничките за првпат ќе можат пред јавноста да ги претстават и да ги понудат своите производи и услуги, како практичен резултат од знаењата и поддршката што ги стекнале во текот на програмата.

Со новата платформа „Diamond Mall - Центар за економско зајакнување на жените“, овој познат шопинг центар продолжува да вложува во иницијативи што носат додадена вредност и имаат долгорочно позитивно влијание врз заедницата.

Tags
Diamond Mall

Најнови

  • Венчавка и пораѓај во 3 часа: На Србинка ѝ пукна водењакот на патот до матичар, се венча, па роди бебенце

    Fri, 07/31/2026 - 14:31
  • Нина Бадриќ

    Нина Бадриќ блесна во цветен фустан со отворен грб, пееше во чест на Оливер Драгојевиќ

    Fri, 07/31/2026 - 14:10
  • Diamond Mall

    Со програма за економско зајакнување на жените Diamond Mall ќе го одбележи својот трет роденден

    Fri, 07/31/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.