• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Со Mozzart во борба против насилство!

31 март 2023, 13:52
  • cподели

Регионалниот лидер во приредувањето игри на среќа, компанијата Mozzart, продолжува со акциите ширум Македонија. Овој пат, се потпиша договор со Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Се работи за договор кој е потпишан на шест месеци, а финансиските средства ќе бидат наменети за непречено функционирање на Женскиот центар за поддршка – Скопје, кој е инаку специјализирано советувалиште за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Женскиот центар за поддршка обезбедува услуги од социјална работничка, психолог, правничка, кариерна советничка, како и помош за домување, и претставува прв сервис од ваков тип, кој обезбедува сеопфатна помош и поддршка за жртвите и нивните деца. Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство е формирана на 7 декември 2010 година од дваесет граѓански организации кои работат на полето на спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Mozzart донација

„Сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до Mozzartза поддршката која ја обезбедија за советувалиштето за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство. Предизвиците да го осигураме работењето на центарот се многу големи, особено поради недостатокот на финансиска поддршка од државата за ваков тип на сервиси кои се раководени од граѓански организации. Вклучувањето на бизнис секторот е од клучна важност, а Mozzart ја препозна важноста од постоење на овие сервиси и обезбедија директна финансиска помош кога тоа ни беше најмногу потребно“ – изјави Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Mozzart донација

Инаку, родово базираното и семејно насилство се општествен проблем кој е го има насекаде, и во урбаните и во руралните средини, и во секое општество, и како таков остава многубројни и долготрајни последици како по жената жртва, така и по нејзините деца. Насилството врз жени се одразува врз економскиот и севкупниот развој на едно општество, а е резултат на историски заснована нееднаква положба на жените и мажите, во која жените се во немоќна или помалку моќна положба во однос на мажите.

Токму затоа одговорноста за намалување на ризиците од појава од насилството и заштита на жените ја бараме кај локалните и националните власти кои треба да испратат јасна порака за неприфатливоста на насилството и сериозна заложба за системски промени кои ќе водат до соодветен, навремен и сеопфатен одговор кон проблемот.

Mozzart донација

Насилството врз жените и децата можеме да го спречиме ако не го игнорираме, туку го пријавиме и им дадеме поддршка на жртвите да ја напуштат насилната средина. Пријавувањето на насилството е првиот чекор!

Tags
Mozzart

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.