• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Со гордост кажуваме дека е Македонка“: Орден за Светлана Мојсов, научничката заслужна за откритието зад лекови како Оземпик

28 септември 2026, 14:36
  • cподели

Светлана Мојсов, научничката чие откритие има суштинска улога во развојот на современите лекови за дијабетес и дебелина како Оземпик, доби едно од највисоките државни признанија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија во „Вила Водно“ ја одликуваше Мојсов со Орден „8 Септември“, за нејзиниот извонреден придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.

Иако својата научна кариера ја градела во САД, Мојсов е родена во Скопје, а токму нејзиното македонско потекло беше истакнато и во обраќањето на претседателката.

„На свечена церемонија денеска ја одликував Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот придонес во биохемијата како врвна светска научничка и истражувачка.

Мојсов преплавена од емоции и со трепет во гласот, се заблагодари за укажаната чест.

Истакнав дека иако судбината ја однела во САД, со гордост кажуваме дека е Македонка, родена во Скопје. Нејзиното потекло го потврдува принципот дека судбината и космичката мудрост никого не дискриминираат, па и на малите заедници им подаруваат големи луѓе. 

Со ова највисоко државно одликување – Орденот „8 Септември“ ѝ оддаваме признание и благодарност за нејзиниот фундаментален придонес кон развојот на македонската наука во светски рамки и кон македонската афирмација во највисоките меѓународни интелектуални кругови. Со своето научно дело и меѓународно признание, таа даде непроценлив придонес и нè задолжи засекогаш како држава“ - истакна Сиљановска-Давкова.

Мојсов своето признание го прими со многу емоции.

„Јас сум без зборови. Многу Ви благодарам“ - рекла таа по примањето на Орденот „8 Септември“.

Приказната на Мојсов е особено значајна поради нејзината работа на GLP-1, хормон кој учествува во регулирањето на шеќерот во крвта и апетитот.

Нејзините истражувања помогнале да се открие како функционира GLP-1, што подоцна овозможило развој на современи терапии за дијабетес и дебелина.

За својата работа, Мојсов во 2024 година ја доби престижната Lasker-DeBakey Clinical Medical Research Award, заедно со Џоел Хабенер и Лоте Бјере Кнудсен.

Нејзиното научно откритие е дел од основата врз која подоцна се разви групата GLP-1 лекови, меѓу кои се и Оземпик и Вегови. Овие лекови го имитираат дејството на природниот GLP-1 хормон и денес се користат за лекување на дијабетес и дебелина.

Научниот пат на Мојсов започнал децении пред GLP-1 да стане една од најпознатите кратенки во медицината. По студиите по физичка хемија на Универзитетот во Белград, таа заминала во САД на Универзитетот Рокфелер, каде што се посветила на синтезата и проучувањето на пептидните хормони.

Децении подоцна, GLP-1 е во центарот на една од најголемите промени во современиот третман на дијабетесот и дебелината, а придонесот на Мојсов добива сè поголемо меѓународно признание. Орденот „8 Септември“ сега е и македонско признание за научничката родена во Скопје чија работа остави трага во светската медицина.

Tags
Светлана Мојсов
Гордана Сиљановска-Давкова

Најнови

  • „Со гордост кажуваме дека е Македонка“: Орден за Светлана Мојсов, научничката заслужна за откритието зад лекови како Оземпик

    Mon, 09/28/2026 - 14:36
  • Доктор Злате Мехмедовиќ направи свадба со саканата Маја покрај децата: „Најубавата одлука во мојот живот си ТИ!“

    Mon, 09/28/2026 - 13:16
  • Flying Tiger Copenhagen

    Flying Tiger Copenhagen го продолжува регионалното проширување: целта е присуство на шест пазари до крајот на 2027 година

    Mon, 09/28/2026 - 13:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.