„Со две мали деца секој ден е различен, но најважно ни е сите да уживаме“: Ивана и Миро Кацаров на летен одмор во Грција
Летото за Ивана и Миро Кацаров е резервирано за семејни авантури и драгоцено време со нивните најмили.
Сопругата на познатиот македонски водител за Фемина откри дека годинава одмораа во Неи Пори, Грција, каде една недела уживаа сами со синот Тадеј и Миа, нејзината ќерка од првиот брак.
„Тука е прекрасно – има долги песочни плажи, морето е топло, чисто и плитко, што е идеално за деца“ - вели Ивана.
Одморот со две мали деца носи многу убави моменти, но и свои предизвици. Сепак, како што раскажува, тие веќе имаат свој ритам:
„Не е секогаш лесно, но се снаоѓаме. Одиме на плажа рано наутро, кога не е многу жешко. Денот ни поминува во игра на песок, капење, ужинка и малку одмор. Со две мали деца секој ден е различен, но најважно ни е сите да уживаме.“
Секое од децата има свои омилени активности, а родителите се трудат и на одмор да задржат дел од секојдневната рутина.
Миа најмногу ужива да прави замоци од песок и да собира школки додека малиот Тадеј најмногу сака да биде во вода и да си игра со играчките за на плажа. Иако се на одмор, Ивана открива дека внимаваат оброците и времето за спиење да останат колку што е можно поредовни, иако се малку поопуштени.
Нивното летно патување не заврши во Грција. По Неи Пори, семејството продолжи кон Ниш, а потоа и на Копаоник.
„Овојпат ќе патуваме јас, Тадеј и Миро, па ќе поминеме уште неколку убави денови заедно. - открива поранешната спортистка која денес работи како советник за клиенти во „Флекс Кредит“ и најавува дека допрва ќе создаваат летни семејни спомени.
Во претходно интервју за Фемина, додека зборуваше за иднината на своите две деца, таа сподели:
„Сакам да бидат и ги гледам како луѓе што ќе ги почитуваат традиционалните и фамилијарни вредности, луѓе кои утре нема да зависат од никого и кои ќе се наметнат интелектуално во нашето општество.“
Даница Караташова Илиоска / Femina.mk