• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Смело или смешно? Сите гледаа во стапалата на Маргарет Кволи, „босоногите“ сандали станаа хит и поттикнаа шеги онлајн

21 август 2026, 09:06
  • cподели

Маргарет Кволи привлече огромно внимание со своето појавување на црвениот тепих на премиерата „The Dog Stars“.

На црвениот тепих во Лондон, 31-годишната актерка се појави во впечатлив црн фустан со реси од Шанел, но сите погледи беа насочени кон нејзините необични „обувки“.

Кволи носеше таканаречени „босоноги чевли“ од колекцијата Resort 2027 на француската модна куќа. Дизајнот го остава речиси целото стапало откриено, а има само минималистички дел околу петицата заврзан со тенки ремчиња.

Обувките на дизајнерот Матиe Блази предизвикаа големо внимание уште на модната писта, а Кволи е меѓу првите познати личности кои решија да ги носат на црвен тепих.

Овој изглед доаѓа и при нејзиното прво појавување на црвен тепих откако во јули беше потврдено дека се разделила од сопругот Џек Антоноф по речиси три години брак. Таа не ја носеше бурмата.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да се редат шеги за „сандалите“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Angelica Hicks (@angelicahicks)

„Што е класа ако си богат, а ѓубре ако си сиромашен? Да се појавиш на работа без обувки“, „Кој те натера да го носиш ова? Зошто се согласи?“, „Лута сум што овие ги нарекуваат обувки“, „Чевли? Побрзо се капи за стапала“, „Помислив на градник за стапала“ – ова се само дел од коментарите онлајн.

Tags
Маргарет Кволи

Најнови

  • „Доаѓам од мала земја со огромно срце“: Македонската мисица Ева Величковска за искуството на Мис на светот во Виетнам

    Fri, 08/21/2026 - 20:40
  • Смело или смешно? Сите гледаа во стапалата на Маргарет Кволи, „босоногите“ сандали станаа хит и поттикнаа шеги онлајн

    Fri, 08/21/2026 - 09:06
  • Балерината Стефанија Гаштарска со саканиот Амар Мециновиќ искачија уште пет врва на Шара

    Fri, 08/21/2026 - 08:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.