• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сложни бивши: Заводникот Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез се обединија за 16-тиот роденден на ќерката

28 април 2026, 12:36
  • cподели

Вилијам Леви и Елизабет Гутиерез се доказ дека семејството секогаш треба да биде на прво место. 

Иако веќе не се заедно, славните актери се обединија за да ѝ приредат незаборавна прослава на ќерката Кајли за 16-тиот роденден. Поранешниот пар заедно позираше со двете деца.

Гламурозната забава се одржа во Мајами, а атмосферата беше како од бајка. Кајли блескаше во впечатлива црвена балска тоалета украсена со вез, светки и реси од Suzelle Taveras, дополнета со сребрена тијара.

Просторот беше уреден со проѕирни столчиња, бел сјаен под и шарени светлосни ефекти за луксузна и софистицирана атмосфера.

„Им благодарам на мама и тато што ми ја направија ноќта толку посебна и благодарам на сите останати што дојдовте, ми значите цел свет!! Посакувам да можевме сето тоа да го доживееме повторно!!“ - напиша славеничката на Instagram.

Леви и Гутиерез ја завршија својата долгогодишна врска во 2024 година, по повеќе од две децении заедно, но останаа во добри односи за доброто на децата.

Младата Кајли веќе чекори во светот на моделингот и актерството.

Tags
Вилијам Леви
Елизабет Гутиерез

Најнови

  • Борко и Нина Ристовски

    Букет и романтична посвета: Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина

    Sat, 10/31/2026 - 21:04
  • Fashion Weekend Skopje

    Модата како уметничко дело го отвори 33. Fashion Weekend Skopje

    Sat, 10/31/2026 - 20:19
  • Макфест 2026

    Штип во знакот на музиката: Како помина отворањето на „Макфест 2026“?

    Sat, 10/31/2026 - 18:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.