• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Следува најмасовниот планински настан во регионот – „Sparkasse life прв до врв“

15 мај 2024, 11:43
  • cподели

На 19 мај годинава, по 12-ти пат традиционално ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ – најмасовното планинско искачување во регионот.

Натпреварувачите ќе ги одмерат силите во пет категории: планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, е-bike и Team-building Summit Run, на планината Водно во Скопје.

Трката во планинско трчање ќе стартува во 10:00 ч. пред Основното училиште „Кочо Рацин“. Должината на патеката, воедно најкратка и најстрмна, изнесува 4,5 километри. Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли – непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта.

Трката во друмски велосипедизам, планински велосипедизам и e-bike ќе започне во 9:45 ч. пред Музеј на град Скопје (Стара железничка), а времето ќе се мери од летечкиот старт од ОУ „Кочо Рацин“. Сите друмски велосипедисти ја возат патеката до врвот на Водно долга 11,4 километри, додека патеката за планински велосипедизам и за e-bike ќе биде означена со патокази и маркација и е долга 9 км. Сите учесници задолжително носат заштитна кацига.

Шпаркасе Банка

Компаниската тим-билдинг трка, SUMMIT RUN, ќе стартува во 10:00 ч. пред Основното училиште „Кочо Рацин“. Должината на патеката изнесува 4,5 километри и секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта). Секој тим е составен од најмалку 4 учесници и треба да има барем едно лице од спротивен пол. Бројот на членови на еден тим е неограничен. Најдобрите 4 времиња, од кои барем едно од учесник од спротивен пол, е времето на тимот. Секој член на тимот, со своето индивидуално време се натпреварува и во трката за планинско трчање.

Шпаркасе Банка, како главен поддржувач на настанот, ќе обезбеди парични награди за натпреварувачите што ќе успеат да урнат рекорд, ќе има свој „лаунџ корнер“ со вкусни енергетски бомбици и свежо цедени сокови, како и награди за посетителите. Настанот ќе се заокружи со прогласување на најбрзите учесници и музичка забава на врвот.

Поради големиот интерес, рокот за пријавување на „Sparkasse Life Прв до врв“ е продолжен до 15 мај 2024 г., а сите пријавени учесници ќе можат да ги преземат своите стартни пакети на штандот на „Sparkasse Life Прв до врв“ лоциран во Скопје Сити Молв четврток, 16.5.2024 г., и в петок, 17.5.2024 г., во периодот од 12 до 20 ч.

Побрзајте и пријавете се на www.prvdovrv.mk/prvdovrv

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.