• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Слаткар со роденденски честитки за свој фан откако доби порака од синот: „Среќен роденден Александар, имаш прекрасно дете“

10 јуни 2026, 09:24
  • cподели

Марко Маринковиќ-Слаткар и покрај сите ангажмани поврзани со филмот и објавувањето на новата песна најде време да му ја исполни желбата на свој голем фан.

Македонскиот пејач доби порака од Кирил Танчев кој го замоли да сними видео со роденденски честитки за татко му, кој бил негов голем обожавател. Се разбира, Слаткар без двоумење го направи тоа, а видеото го сподели на Instagram Story.

„Среќен роденден Александар. Да си жив и здрав. Имаш прекрасно дете. Имаш многу добро воспитано дете, а по тоа се гледа дека си добар татко“ – рече музичарот и му испрати бакнеж на славеникот.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Еве ја пораката од Кирил за Слаткар:

Добар ден Слаткар,

Сакав да те замолам, доколку имаш време и можност, дали би можел да снимиш едно кратко видео за мојот татко Александар и да му го честиташ роденденот? Тој е твој голем фан и многу би му значело да добие честитка од тебе. Би му направил огромно изненадување и би му го разубавил денот. Ти благодарам однапред и ти посакувам сè најдобро!

порака за Слаткар

Инаку, вчера Слаткар ја објави песната „Верувај“, а на прес-конференцијата зборуваше и за филмот за неговиот живот за кој доби бројни критики затоа што требаше да се снима со поддршка на Агенцијата за филм.

Слаткар

Тој сподели дека филмот ќе се снима без државните средства, со помош на пријателите и публиката.

„Светот ќе го чуе гласот на најтивките“ – напиша тој.

Tags
Марко Маринковиќ-Слаткар

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.