Сладок момент татко-ќерка: Адам Левин паузираше концерт за да ја бакне малата ќеркичка во публиката
Адам Левин имаше сладок момент на концертот на Maroon 5 во лондонскиот Хајд Парк.
47-годишниот музичар накратко го прекина настапот за да ја прегрне и бакне својата ќерка Дасти Роуз.
Додека ја изведуваше песната „Girls Like You“, пејачот ги забележа сопругата Беати Принслу и 9-годишната ќеркичка покрај сцената, па се наведна за да ја бакне својата малечка.
Беати ја подигна Дасти, а Левин нежно ја погали по главата и ја бакна, пред да продолжи со настапот. Публиката го поздрави овој гест со силен аплауз.
Адам и Беати се во брак од 2014 година, а покрај Дасти ја имаат и 8-годишната ќерка Џио Грејс, како и 3-годишен син.
Популарниот пејач постојано споделува дека семејството денес му е најважниот дел од животот.
„Ми значи повеќе од кариерата. А тоа што ги имам и двете е вистински благослов. Со текот на годините станав многу почувствителен и посентиментален. Го сакам тоа неизмерно“ – изјави Левин во едно од своите интервјуа.
По концертот, Адам напиша дека настапот во Хајд Парк бил исполнување на долгогодишен сон.
„Порано многу работи ги земав здраво за готово. Денес чувствувам многу поголема благодарност. Кога ја погледнав огромната публика во Хајд Парк, бев преплавен од емоции, речиси до солзи. Семејството, музиката, љубовта“ – напиша тој.