Силните скорпии се управувани од две планети Плутон – планетата на моќта и контролата и Марс – планетата на војната и енергијата. Плутон е извор на власт и влијание, но и на мистерија (во митологијата Плутон е Бог на подземниот свет). Многу скорпии се „дават во темнината“ и многу често носат црно или шокираат со бои, како црвената и розовата. Мистериозните Скорпии се најнеразбирливиот знак во хороскопот.
И скорпијата и овенот се управувани од Марс. Во древната митологија, Марс е бог на војната. Под влијание на Марс скорпиите се стратезите во хороскопот, тајните агенти, кои планираат, додека овните се на чело на битката.
Ако сте родени во овој знак, исто како и митолошката скорпија и вие реагирате остро на сè и не сакате да се потчинувате на заповеди. Понекогаш развивате самоуништувачко поведение и исто како и скорпијата може да се „самоизедете“ пред некој друг да го направи тоа. Кога еднаш земете решение не го менувате и понекогаш ги постигате дури и оние цели, кои што други би ги нарекле невозможни.
Скорпијата е еден од најсилните знаци во хороскопот заедно со лав, водолија и јарец. Оние кои што ќе се обидат да го променат карактерот на скорпијата ќе наидат на проблеми, затоа што никој не знае која е тајната мотивација за нивните постапки.
Скорпиите имаат многу сложен карактер. Скорпијата е знак на сексот и смртта, на крајот и почетокот на сè. Како претставник на овој знак вашите идеи ги разгледувате од емоционална гледна точка. Понекогаш знаете да ги потискате емоциите, но внатрешно сте многу чувствителни. Доста аналитични сте и се задлабочувате во дејствата и чувствата.
Во љубовните односи сте верни, исклучително нежни, страсни, но оној кој е до вас го гледате како своја сопственост. Вие сте толку моќни што луѓето го чувствуваат вашето присуство уште пред да кажете нешто, но и вие ги чувствувате сите вибрации. Го гледате секој детаљ и ги читате луѓето како отворена книга. Вашите пријатели ја знаат вашата лојалност и сè што треба да направат е да свикнат на „високиот напон“. Ако некој ве предаде подобро да внимава – како и скорпиите и вие нанесувате болен убод како одмазда.
Поради тоа што вашиот знак е мистериозен, поработете на тоа да бидете поотворени со луѓето. Тоа ќе ја развие довербата и ќе ги подобри вашите односи со другите луѓе. Моќта за концентрација на скорпиите е неверојатна, но внимавајте да не се опседнете. Сопрете ги љубомората и посесивноста преку вложување на повеќе енергија во некаков проект.
Симбол:
Скорпија
Симболизира:
Мистерија, магија, скриени сили, трансформација, борба, предизвик, завист, промена, страсни драми, наследство, разрушување и воздржување.
Елемент:
Вода
Планета:
Плутон – планетата на моќта и регенерацијата.
Ден од седмицата:
Вторник
Боја:
Црвена
Број:
2
Скапоцени камења:
Железо, опал, рубин и обсидијан.
Најдобри професии:
Јасновидци, психијатари, психолози, лекари, хирурзи, полицајци, детективи, шпиони, војници, банкари, вешти лица, нотари, патолози.
За да се спријателите со нив:
Не им се спротивставувајте, дури и кога не се во право!
Дел од телото:
Органи за репродукција, јајници, гениталии.
Добри карактеристики:
Магнетни, таинствени, страсни, лојални, заштитници, смели, добри советници, категорични, интуитивни, со интензивни чувства и емоции, љубопитни, самокритични, енергични, не примаат средна позиција, поседуваат способност за аналитично мислење.
Лоши карактеристики:
Опсесивни, посесивни, љубоморни, манипулатори, сакаат да се одмаздуваат, секогаш незадоволни, деструктивно критични, тирани, брутални, жестоки, завидливи, нетолерантни.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Очи кои ги изразуваат нивните чувства, орлов поглед, смирени движења.
Омилени работи:
Зачинета храна, рок музика, уникатни предмети, безжични апарати, органска храна.
Работи кои ги мразат:
Неискрено ласкање, лични прашања, да живеат во туѓа куќа, прости луѓе.
Можете да ги најдете:
Како седат на ќошот од масата во некој бар; како ги расклопуваат работите и после тоа се обидуваат да ги вратат таму каде што припаѓаат; јадејќи зачинета храна во некој ресторан.
Скриена желба:
Да имаат целосна и комплетна контрола!