• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Скопски маратон е нашиот семеен празник”: Мери лани трчаше бремена, а годинава истрча 21км со сопругот и бебето во количка

8 октомври 2026, 10:10
  • cподели

За Мери Шешо Најденовска и нејзиниот сопруг Марко, Скопскиот маратон е повеќе од трка. Тој е нивна традиција и вистински семеен празник. Парот годинава на стартот пристигна со 8-месечната ќеркичка Лили и помина 21 километар туркајќи ја во количка.

Нивната најголема желба била Лили да биде среќна и да ужива во атмосферата. За секој случај, нивни блиски биле распоредени по патеката, подготвени да помогнат доколку на малата Лили ѝ стане здодевно во количката. Но, 8-месечното девојче очигледно уживало во авантурата.

За Мери ова беше многу специјално искуство. Лани на Скопскиот маратон таа истрча 5 километри бремена со Лили, а годинава помина 21 километар со неа во количка.

Во разговор за Фемина, вљубеничката во трчањето раскажува како изгледале подготовките за полумаратон со толку мало бебе, како се врати на тренинзите по породувањето и зошто за нив никогаш не било прашањето дали ќе трчаат, туку дали ќе трчаат со Лили.

Честитки за енергијата и успешно завршениот полумаратон! Како се роди идејата да застанеш на стартот на Wizz Air Skopje Marathon само 8 месеци по породувањето и тоа со бебето на патеката?

И јас и сопругот сме трчачи, а Скопскиот маратон е нашиот „празник“. Редовно го трчаме полумаратонот, така што не беше прашањето дали ќе трчаме, туку која дистанца и дали со бебе или не. 😊

Преку ден сум сама со бебето, па моите трчања често се со количка на кеј или во парк. Одбирам да ја понесам Лили со мене, наместо да прескокнам трчање – па кога веќе „тренира“ со мене, логично беше да се појави и на трка со мене и татко ѝ. 😊

На социјалните мрежи сподели дека целото семејство било стратешки распоредено, за секој случај Лили да не издржи до крајот на трката.   Како изгледаше таа семејна организација и кои беа најголемите предизвици во подготовката со толку мало бебе дома?

Имавме спремни баба и дедо, вујко и вујна да ја покриваат територијата од Центар до Хром, односно првиот дел од полумаратонската траса, а други баба и дедо, чичко, прабаба и тетки беа распоредени долж Аеродром. 😊 Сите беа пресреќни да бидат дел од планот, бидејќи идејата не беше по секоја цена да ја истрчаме целата дистанца, туку Лили да биде среќна и задоволна.

Имавме направено цели пресметки и стратегии – кога ќе стане, прво да појадува, кога ѝ е следната дремка за да ја фати во количка, дали и кога ќе треба да цица или да пие млеко, кога можеби ќе треба да се смени пелена, како да биде облечена, кои ѝ се омилените играчки за занимација... Бевме спремни за секое сценарио. 😊

За среќа, Лили нè почести и мирно си ја помина целата трка.

Како реагираше Лили за време на тие 2 часа и 12 минути? Дали имаше моменти на неизвесност или сè помина мирно во спиење и возење долж скопските улици?

Лили многу сака луѓе, така што целата гужва баш ѝ годеше – да гледа луѓе, да ѝ мафтаат, да има нешто што се случува околу неа...

Си отспа една дремка од околу 40 минути, се разбуди некаде околу 15-тиот километар и до финишот мирно си ја извози целата трка, со повремени гугања, баботења и довикувања по тркачите околу нас. 😊 По пат многу тркачи ја поздравуваа и ѝ се смешкаа, па навистина беше позитивно и убаво искуство долж целата траса.

Иако, искрено, не бевме сигурни дека ќе биде вака глатко. Една недела пред маратонот пробавме на кеј да истрчаме 12 километри со неа, а на 10-тиот километар Лили беше многу „гласна“ и децидна дека ѝ е доста од количката. 😊 Но, очигледно на Скопскиот маратон ја почувствува прекрасната енергија и реши дека не сака да биде DNF – did not finish. 😊

Лани трчаше со Лили во стомакот, а годинава со неа во количка. Како ти изгледа оваа убава паралела кога ќе ја погледнеш од оваа перспектива?

Нерално… но, прекрасно. Кога ќе погледнам назад и ќе се сетам дека лани трчав со Лили во стомакот, а годинава ја туркав во количка, навистина ми е тешко да поверувам колку многу може да се промени животот за една година. Искрено, го обожавав секој момент додека бев бремена, така што - уживањето беше и лани (иако морав да се помирам со само 5км трка) и годинава (иако многу потешко беше да се турка 25кг количка) 😊

Враќањето кон тренинзите по породувањето е голем предизвик за секоја мајка со оглед на обврските. Како изгледаше враќањето кон тренинзите и физичката активност во месеците по породувањето?

Со оглед на тоа што бев активна и вежбав буквално до последниот ден од бременоста – од фитнес сала отидов во породилна сала 😊 – физички не ми беше најголемиот предизвик, туку логистичкиот.

Одвај чекав да се вратам, но бев доста внимателна и претпазлива и сè направив постепено и „по книга“. Чекав 5 недели за да почнам со вежбање, по одобрение од гинеколог, а на почетокот правев само постнатални вежби за зајакнување на јадрото и пелвичниот под. Прераното и несоодветно вежбање може да има контраефект и последици подоцна, затоа многу читав и се едуцирав на оваа тема. Препорачувам секоја нова мајка да обрне посебно внимание на тоа, а отпосле дознав дека и кај нас има сертифицирани физиотерапевти кои се специјално едуцирани за постнатално закрепнување.

Потоа продолжив со вежби за сила и тежини – често ги користев првите дремки на Лили за тоа – а по 10-тата недела веќе почнав и со трчање. 😊

Како што спомнав, најголемиот предизвик беше да се најде време за трчање. Пред бебе, јас и сопругот ги имавме утрата пред работа резервирани за спортување. Сега се најдовме во ситуација во која треба да се менуваме, да правиме компромиси и понекогаш да жртвуваме и од тоа малку спиење. 😊

Во објавата напиша „Од мали (непроодени) нозе на 8 месеци да си знае дека ќе трча“.   Дали би сакала Лили еден ден навистина да трча со вас?

Мислам нема да има опција да НЕ трча 😀 Се шегувам, секако - никогаш не би ја присилиле, ама тука ќе сме да ја поттикнeме. Верувам дека растејќи покрај мајка маратонка и татко триатлонец, спортот некако природно ќе биде дел од нејзиниот живот. А, ако еден ден одлучи да трча со нас – ќе ни биде особено драго. 😊

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Tags
Мери Шешо

Најнови

  • Владан Савиќ

    Се разведе Владан од „Магла бенд“: Се расплака на првото слушање на песната „Криве дрине“

    Thu, 10/08/2026 - 21:00
  • Алкалоид

    „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI

    Thu, 10/08/2026 - 17:07
  • „Гордост“: Постарата ќерка на Дарко и Маја Панчеви дипломираше, пејачката пресреќна

    Thu, 10/08/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.