Надица Панчева дипломираше на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Постарата ќерка на Дарко и Маја Панчеви ја одбрани својата дипломска работа на катедрата за германски јазик и книжевност.
Среќната мајка Маја на социјалните мрежи сподели фотографии од успехот на ќерка си, а во описот напиша: „Гордост“.
Надица претходно заврши мастер студии по англиски јазик и литература на „Американ Колеџ“.
На нејзиниот „Linkedin“ профил стои дека веќе работи како наставничка по германски јазик, но и како агент во компанија за телекомуникации.
Во неодамнешно интервју за Фемина, сопругата на фудбалската легенда, зборуваше за ќерките Надица и Марија.
Во нив го препознавам истиот дух кој го имав и јас на нивни години. Секако денес поинаку се живее отколку во времето кога растевме ние.
Честопати им раскажувам за моето време, кога младоста се живееше без интернет и социјални мрежи, кога правилата и воспитувањето беа построги, кога моравме да бидеме покреативни за да се изразиме себеси. Низ тие приказни се обидувам да им пренесам дел од таа автентичност, за да научат да го ценат реалниот живот, надвор од дигиталниот свет.
Среќна сум што изградивме однос базиран на доверба и меѓусебна почит. Разговараме за сѐ, од љубовни маки до животни дилеми. Се трудам секогаш советот да биде добронамерен во контекст за проблемот за којшто разговараме.
Мојот совет кој секогаш го кажувам е да ги почитуваат возрасните, институциите, секогаш да бидат силни и свои, кое е одлика на традиционалното домашно воспитување – сподели таа.