• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Скопје станува дел од светското хуманитарно семејство: 100-часовен „No Finish Line“ фестивал за Детската болница во Козле

5 јуни 2026, 14:41
  • cподели

Скопје влегува на светската мапа на хуманитарно-спортски настани како еден од само седумте градови во светот кои годинава го организираат хуманитарниот фестивал „No Finish Line“. По успешните изданија во Санта Круз, Ница и Атина, глобалното движење го продолжува својот пат низ Брисел и Најроби, пред да пристигне во Скопје, а финалната завршница ќе се одржи во Монако.

М-р Тамара Соколовска, претседателка на Здружението Но Финиш Лајн Скопје, истакнува:

„No Finish Line не е обична трка за медал. Ова е масовно хуманитарно движење на децата и граѓаните, каде што секој поминат километар претставува километар грижа, солидарност, помош и искрена љубов кон оние на кои им е најпотребна“.

Собраните средства од настанот во Скопје, Соколовска објави дека ќе бидат донирани во Детската болница во Козле.

No Finish Line

Што претставува No Finish Line Скопје?

Станува збор за спектакуларен, 100-часовен хуманитарен фестивал на трчање, одење и дружење. Специфичноста на овој настан лежи во тоа што тој е отворен во текот на цели 100 часа без прекин.

Учесниците не се натпреваруваат за класичен спортски пласман, туку нивната примарна цел е со сопственото движење да придонесат во генерирањето средства за повисока хуманитарна кауза.
Настанот ќе се одржи од 9 септември (во 09:00 часот) до 13 септември (до 13:00 часот), на булеварот и мостот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ – зона која сè уште не е пуштена во сообраќај.

Кој може да учествува и како да се вклучите?

Одговорот е едноставен: буквално секој! Искуствата од светските метрополи покажуваат дека на патеките се здружуваат и родители со бебиња во колички, домашни миленици, пензионери и лица со оштетен вид, кои во текот на овие 100 часа поминуваат дури и над 100 километри.

Со купување на само еден стартен број, секој учесник добива можност да се вклучи на настанот кога сака и колку пати сака во текот на предвидените 100 часа. Истиот стартен број овозможува учество во сите трки од програмата, како и пристап до комплетната забавна содржина.

Пријавувањето е поделено во неколку категории:

  • Деца од градинки и основни училишта: Добиваат бесплатни стартни броеви. Пријавувањето се врши организирано преку училиштата.
  • Инклузивна трка (за лица со попреченост): Пријавувањето оди преку Фондацијата „Ице Бегов“. За сите лица со попреченост и нивните придружници, стартните броеви се целосно бесплатни.
  • Останати граѓани: Онлајн пријавувањето e директно на веб-страницата NOFINISHLINESKOPJE.COM.
No Finish Line
No Finish Line

Професионален спортски предизвик и светски ѕвезди

Бидејќи трчањето доживува огромна експанзија во Македонија и речиси да нема викенд без спортски настан, организаторите подготвија богата програма за натпреварувачите. Секој ден на програмата ќе има посебни трки: на 5 и 10 километри, полумаратон, маратон, семејна трка, трка со домашни миленици, како и 24-часовна штафетна трка.

За најиздржливите е резервиран екстремниот 100-часовен предизвик. На него ќе учествува и една од најголемите светски ултрамаратонски ѕвезди, Жустин Мањи (Justine Magni), која пред само еден месец на „No Finish Line Ница“ успеа да истрча фасцинантни 582 километри.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

 

No Finish Line
No Finish Line

Богата забавна програма и настап на „Кафе де Анатолиа“

Покрај спортскиот дел, секоја вечер во 18:00 часот ќе се одржуваат масовни Зумба тренинзи.

Како круна на забавната програма, се најавува настапот на светски познатиот македонски бренд „Кафе де Анатолиа“ (Cafe de Anatolia) — една од највлијателните глобални музички платформи со над 2 милијарди стримови и повеќе од 30 милиони слушатели ширум светот.

No Finish Line
No Finish Line

Хуманитарна мисија: 1 километар = 1 евро за Детската болница во Козле

Основниот механизам на функционирање е спој меѓу граѓанскиот активизам и општествената одговорност. Целта е да се поминат што повеќе километри, кои потоа ќе им бидат „продадени“ на општествено одговорни компании по цена од 1 евро за километар.

Дополнително, во цената на секој купен стартен пакет е вклучена донација од 5 евра. Организаторите очекуваат да се соберат најмалку 20.000 евра, а сите средства се наменети за Детската болница во Козле.

No Finish Line

Дополнителни начини за помош: Волонтирање и материјални донации

Здружението ги повикува сите граѓани кои сакаат да помогнат да се пријават како волонтери преку официјалниот сајт или Фејсбук страната.

За време на настанот ќе биде отворен и пункт за материјални донации. Граѓаните ќе можат да донираат нови или речиси нови (чисти) обувки и облека, училишен прибор, велосипеди, компјутери и играчки. Сите собрани предмети ќе бидат предадени на Мисионерките на љубовта од куќата на Мајка Тереза во населбата Кисела Вода, кои се грижат за сиромашните жители во Скопје.

No Finish Line

Скопје, како историски докажан град на солидарноста, има уште една извонредна прилика да се покаже пред светот. Веруваме дека тоа ќе биде во најдоброто светло!

Tags
No Finish Line

Најнови

  • dm

    На Светскиот ден на животната средина, dm потсетува: малите зелени избори прават голема разлика

    Fri, 06/05/2026 - 15:33
  • Актерот од „Џуманџи“ и „Топ Ган: Маверик“ избоден до смрт, уапсен е синот на неговата девојка

    Fri, 06/05/2026 - 15:12
  • No Finish Line Skopje

    Скопје станува дел од светското хуманитарно семејство: 100-часовен „No Finish Line“ фестивал за Детската болница во Козле

    Fri, 06/05/2026 - 14:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.