• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Skopje City Mall: Рекордна посетеност во изминатиот викенд!

28 ноември 2016, 13:03
  • cподели

Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни раце брендирани кеси – ова е сликата на која беа сведоци сите кои го посетија Skopje City Mall викендов. Попустите кои беа дел од Black Friday& Weekend акцијата на најголемиот трговски центар кај нас привлекоа над 110.000 посетители кои ги искористија одличните услови да купат нешто за себе, но и за најблиските. Најголемиот број на купувачи беа од Скопје, но беше забележан голем број на посетители и од внатрешноста на Македонија, како и Косово и Јужна Србија.

Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

Водени од целта да овозможат најдобри услови за незаборавен шопинг за сите, од Skopje City Mall велат дека одлуката да се продолжи важноста на попустите во текот на викендот се покажа дека е одлична идеја, бидејќи сите кои не стигнале да купат сè што им е потребно во петокот, имаа уште два дена да го сторат тоа. „Иако во петокот забележавме рекордна посетеност, во текот на викендот трговскиот центар повторно беше полн со задоволни посетители. Досегашните бројки покажуваат дека попустите кои трговците ги обезбедија оваа година беа многу атрактивни за купувачите.“ – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.

Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

„Black Friday е одлична иницијатива. Јас и моето семејство сме среќни што имаме можност да купуваме по одлични цени во овој период пред новогодишните празници. Одлично е тоа што попустите траат цел викенд бидејќи немавме можност да дојдеме сите во петокот, што верувам дека било случај со повеќе семејства кои имаат обврски во текот на работните денови. До сега набавивме мали апарати од бела техника, а сега одиме да купиме по нешто од омилените продавници за облека за секој од нас“ – изјави во неделата еден од очигледно задоволните купувачи.

Се чини дека и трговците се задоволни од оваа акција – „Кога се организираше првата Black Friday акција во Skopje City Mall бевме малку скептични, но според нашите статистики секоја година сè повеќе граѓани одлучуваат да ги искористат попустите кои ги нудиме на овој ден за шопинг. Оваа година забележавме особено добра продажба, во текот на целиот викенд.“ - изјави Хакан Менга, преставник на брендот Тудорс за Македонија.

Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол Скопје Сити Мол

Black Friday акцијата оваа година поради големата заинтересираност за прв пат беше организирана преку целиот викенд.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.