• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Скандал кој ја тресе Србија: „Блиц“ објави фотографии од повредите на Наташа Беквалац, нејзиниот сопруг негира дека ја нападнал

18 април 2018, 19:55
  • cподели

Наташа Беквалац минува низ пеколен период. 37-годишната српска пејачка беше брутално претепана од сопругот Лука Лазукиќ, само месец и половина откако го роди нивното прво заедничко дете.

Додека Лука демантира дека извршил физички напад врз сопругата, српското списание „Блиц“ објави фотографии на кои јасно се гледаат модринките на лицето на музичката ѕвезда.

„Ова се повредите на Наташа. Модринките и гребаниците под окото и големи подливи на рацете го демантираат насилникот кој тврди дека ја нема удрено сопругата“ – пишува на насловната страница на списанието.

Беквалац

Анонимен извор за српскиот медиум изјавил дека Лука ја удирал Наташа и по раната од царскиот рез и ја влечел низ станот.

„Лука синоќа си дошол пијан дома и легнал покрај Наташа во кревет. Таа тогаш го зела неговиот телефон и видела љубовни пораки поради кои меѓу нив избувнала кавга. По вербалниот конфликт, Лука ја претепа. Побесна, со тупаници ја удираше по раната од царскиот рез, по што ја влечеше по станот. Беше ужасно тоа што се случи“ – изјавил изворот.

Наташа беше фотографирана од папараците по нападот, но големите очила за сонце не ги сокрија повредите.

A post shared by V!VSTARS | Vivstars.com (@vivstars.official) on Apr 14, 2018 at 8:44am PDT

Во ексклузивно интервју за „Блиц“, Лука негираше дека ја нападнал Беквалац. „Јас не сум ја тепал мојата жена, јас не сум ја претепал мојата жена и јас мојата жена не сум ја развлекувал низ куќа и не сум ја удирал во раните од царскиот рез, а за раните, прашајте ја неа“ – рече тој.

Беквалац Беквалац Беквалац

Кога нему му беа покажани фотографии од модринките по нејзиното тело, тој инсистираше дека тие се резултат на антицелулитна масажа. „Што се однесува на подливите на рацете и нозете, таа одеше на масажи за целулит итн.“ - тврди тој.

Лука е категоричен дека ништо не крие и дека кога Наташа физички го нападнала, тој само ја повлекол настрана. „Јас дојдов да ја кажам вистината... Вистината е дека не сум ја тепал мојата жена, вистина е дека сè ова се случува за пари, вистина е дека ова е медиумска хајка... докази има“ – изјави тој.

A post shared by V!VSTARS | Vivstars.com (@vivstars.official) on Apr 18, 2018 at 12:11pm PDT

Наташа и Лука се венчаа во септември минатата година на Ибица, а на 28 февруари годинава се роди нивната ќерка Катја.

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on Oct 9, 2017 at 3:07am PDT

Српската пејачка има уште една ќерка од претходна врска. Таа пред една недела објави фотографија од двете ќерки.

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on Apr 11, 2018 at 7:27am PDT

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on Feb 24, 2018 at 10:27am PST

Tags
Наташа Беквалац
семејно насилство

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.