• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Сите сме подеднакво одговорни за насмевката на Ембла“: Претседателот Пендаровски се дружеше со малата Ембла

7 февруари 2022, 14:35
  • cподели

Стево Пендаровски не остана рамнодушен на приказната за Ембла Адеми. Македонскиот претседател го посети во Гостивар малото девојче со Даунов синдром, кое беше дискриминирано на училиште и принудувано да држи настава во одделна просторија, подалеку од соучениците.

58-годишниот политичар разговараше со родителите на Ембла за предизвиците со кои се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување.

„Прекрасен ден поминат со Ембла во Гостивар. Предрасудите не смеат да бидат посилни од правата на децата. Сите сме подеднакво одговорни за насмевката на Ембла и сите деца со атипичен развој“ – стои во описот на фотографиите објавени на профилот на претседателот Пендаровски.

Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла

„Мораме да ја креваме свеста за потребата на овие дечиња. Мене ми е драго што изминатава недела дена македонската јавност беше прилично сензибилизирана, пред сè заради изјавите и активноста на нејзиниот татко. Ете доаѓаме еден вид на дополнителна поддршка да дадеме во таа насока, за да разбереме дека во ова општество сме сите еднакви и дека треба да помагаме навистина сите да се чувствуваме, да бидеме еднакви, не само на хартија да биде тоа. Ние сме рамноправни на хартија, некојпат во животот не е баш така. Луѓето кои имаат посебни потреби се дел од нас и не смееме да ги отфрлиме. Инклузијата е основен принцип кој мораме да го поддржиме во вакви случаи, а не е само овај и не е само во Гостивар, има многу“ – изјави тој.

Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла Пендаровски во посета на Ембла
Tags
Стево Пендаровски

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.