„Сите годишни времиња освен лето“: Каролина Гочева со сопругот Михаил Корубин во Варшава и Краков, уживаа на концерт на Hurts
Каролина Гочева и Михаил Корубин на почетокот од месецов отпатуваа во Полска.
46-годишната македонска пејачка и 40-годишниот уметник уживаа истражувајќи ги Краков и Варшава, се забавуваа на концертот на британското дуо Hurts и не дозволија лошото време да им го уништи патувањето.
„Почетокот на јули беше за Варшава и Краков, сите годишни времиња освен лето и главниот повод за ова патешествие - Hurts“ – напиша Каролина.
Нашата музичка дива објави видеа и фотографии од најновата авантура со сопругот.