• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Сите ги фотошопираат стриите. Тоа е лудост“: Криси Тиген сними фотосесија на плажа за Elle

10 декември 2018, 10:57
  • cподели

Криси Тиген е ѕвездата од насловната страница на Elle UK.

За јануарското издание на списанието, 33-годишниот модел сними фотосесија на плажа во Малибу, за која позираше во модели од врвни модни брендови како Ралф Лорен, Келвин Клајн и Норма Камали. На корицата таа е облечена целосно во Диор.

Криси Тиген

Во интервјуто за списанието, славната сопруга на Џон Леџенд зборуваше за самодовербата, присуството на социјалните мрежи, за лажната реалност на социјалните мрежи, за зголемената моќ на жените и за сопругот.

„Никогаш не треба да се чувствувате како да пропуштате нешто. Во животот има многу повеќе од овие лажни Instagram луѓе“ – рекла таа за социјалните мрежи.

За стриите: „Сите ги фотошопираат. Тоа е лудост. Бев на снимање на Victoria’s Secret и за мене беше пресвртна точка кога ги видов тие жени со лузни и стрии и модринки. Кој вели дека тоа е некаков недостаток?“

Криси Тиген Криси Тиген

„Уште од 17-годишна возраст ја знаев мојата тежина наутро, поручек и навечер. Верувајте ми, цифрата тогаш беше многу поразлична! Но, не бев толку среќна.“

Криси секогаш ја прикажувала реалноста на своите фотографии и поради тоа е обожавана од своите 10 милиони следбеници на Twitter и 21 милион на Instagram. „Мажите секогаш ми приоѓаа откако снимив фотосесија за Sports Illustrated. Но, сега сите го велат истото нешто: Мојата девојка те обожава. И не можам да бидам посреќна“ – рекла таа.

Криси Тиген Криси Тиген

„Денес модната индустрија дефинитивно е понежна кон жените. Некои брендови услужуваат многу различни типови на тела, па очигледно е кој ги поддржува жените, а кој не. И тоа не е само во модата. Никогаш не сум видела жените да имаат поголема борбеност во себе одошто сега. Подготвени сме да ги изнесеме проблемите на виделина“ – вели Криси за модниот свет.

Криси Тиген

За моментот кога го запознала Џон: „Не беше ништо од типот: ‘Тој е многу секси’, но се разбира тој го направи првиот чекор. Поминавме 12 часа заедно, па тоа е како 12 состаноци, нели? Никогаш не си велев: ‘Ова е човекот за кого ќе се омажам’.“.

Tags
Криси Тиген

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.