• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Сите детали како да дојдете до влезница за спектаклот на Дејвид Гета во Скопје, картите чинат САМО 35 денари

13 мај 2026, 12:55
  • cподели

Авалон ги објави сите информации поврзани со најголемиот спектакл по повод 35-годишнината од независноста на нашата држава – доаѓањето на Дејвид Гета во Македонија.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи на 8 септември во Арена „Тодор Проески“, а единствен трошок за влезниците е 35 денари.

Прочитајте ја во целост нивната објава:

ПОЗНАТИ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА DAVID GUETTA - THE MONOLITH SHOW КАКО ДЕЛ ОД ПРОСЛАВАТА ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ!

Почитувани,

Согласно вчерашната најава за големиот отворен настан David Guetta - Monolith Show по повод 35 години независност, кој ќе се одржи на 8 септември во Арена „Тодор Проески“, во прилог ги споделуваме сите информации околу регистрацијата за влезници за истиот.

1.⁠ ⁠Влезниците ќе бидат достапни од ПЕТОК (15 мај) САМО на avalonbooking.mk

2.⁠ ⁠Сите влезници ќе чинат 35 денари, а достапни ќе бидат влезници за стоење и седење (трибина). Трибините се нумерирани и потребно е да одберете седиште при купувањето на влезници за една од трибините. Стоењето не е нумерирано.

3.⁠ ⁠Капацитетот на стадионот е ограничен, па наш совет е да бидете брзи во петок како би го обезбедиле своето место.

И, за крај - да, влезниците навистина чинат 35 денари и тоа е единствениот трошок за набавување влезници за David Guetta - Monolith Show на 8 септември во Арена „Тодор Проески“.

Ваша,

Avalon International Booking

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Avalon International Booking (@avalonbooking)

Дејвид Гета на Facebook напиша дека е возбуден што повторно ќе се врати во Скопје.

Tags
Дејвид Гета

Најнови

  • Александар Темелков со сопругата Сара

    Се венчаа кога тој имаше 24, а таа 16 години: Александар Темелков се разведува од сопругата Сара

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • Сите детали како да дојдете до влезница за спектаклот на Дејвид Гета во Скопје, картите чинат САМО 35 денари

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • „Не беше секогаш лесно, но вредеше за оваа љубов“: Миро и Ивана Кацаров пресреќни со синчето кое полни 6 месеци

    Wed, 05/13/2026 - 11:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.