„Сите четворица“: Водителката Цеце Тодосовска со сопругот и двете деца на патување во Будимпешта
Цеце Тодосовска ги користи сите слободни денови за авантури со семејството.
Водителката на „Утринска на Телма“ со сопругот Стојанче и двете деца беше во посета на Будимпешта, од каде сподели мини албум на социјалните мрежи.
На една фотографија таа напиша: „Една од двете слики каде што сме сите четворица“.
Петгодишниот Бодан и малиот Симон, кој неодамна наполни три години, љубопитно го истражуваа градот со своите родители.
Цеце во неодамнешно интервју за Фемина изјави:
„Со мајчинството претрпев трансформации... научив да бидам потрпелива, поодговорна, научив како да функционирам со малку сон, како да се радувам на мали нешта и да бидам благодарна за сѐ што имам во животот“.