• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Не се стремам кон совршенство, се трудам да бидам најдобрата верзија од себе за моите синови“: Цеце Тодосовска за мајчинството

17 април 2026, 13:20
  • cподели
Цеце Тодосовска со семејството

Цеце Тодосовска со години е препознатливо лице и глас кој нè буди во „Утринска на Телма“, олицетворение на професионализам и топлина на малите екрани. Приватно пак, е сопруга на Стојанче и посветена мајка на две живи и љубопитни момчиња – петгодишниот Бодан и малиот Симон, кој наскоро ќе наполни три години.

Во своето исполнето шаренолико секојдневие, Цеце постојано балансира меѓу динамиката на телевизијата и семејните обврски. Водена од љубовта кон природата, секој слободен момент го користи за кампување и планинарење, пренесувајќи им ја на децата магијата на едноставниот живот надвор од градската врева.

Од првата бременост помината во тишината на пандемијата, до денешниот гласен, разигран ритам на домот исполнет со смеа, популарната ТВ-водителка во разговор за Фемина говори за трансформацијата која ѝ ја донело мајчинството, новите приоритети, лекциите кои ги учи секојдневно и предизвикот да остане верна на себе додека расте заедно со своите деца.

Цеце Тодосовска со семејството
Како ги паметите двете бремености – по што беа различни, а по што слични?

Бременостите ми се еден убав период од животов

Првата бременост беше во екот на короната, тогаш бев ослободена од работни обврски како трудница и тој период навистина го паметам по многу прошетки и време посветено на себе. Користев апликации за следење на бременоста, доста читав за тоа што следува, се изнагледав филмови и серии... едноставно уживав во секој момент бидејќи имав уредна бременост.

Втората бременост пак, како мајка на мало дете во тој период, а и со редовни работни обврски секојдневно, не ја почувствував многу, често и заборавав дека сум бремена. Освен во последните месеци кога сѐ некако ми стануваше потешко за работа и функционирање. Како и да е, двете бремености ми се еден убав период од животов.

На кој начин мајчинството ве промени, како личност и како новинарка?

Со мајчинството научив да сум потрпелива, како да функционирам со малку сон, како да се радувам на мали нешта

Иако е клише, сепак промените кои доаѓаат со мајчинството се дотогаш недоживеани и сосема е нормално да се промениме како личности. Се променија приоритетите и начинот на функционирање.

Од аспект на професијата, ми отвори нови видици и хоризонти, почнаа многу повеќе да ме интересираат некои други теми, дури и во „Утринската“ гледав многу повеќе такви теми од областа на мајчинството да бидат застапени, бидејќи навистина малку се зборува во медиумите, а од друга страна е нешто што речиси секој го доживува.

Секако дека и како личност претрпев трансформации... научив да бидам потрпелива, поодговорна, научив како да функционирам со малку сон, како да се радувам на мали нешта и да бидам благодарна за сѐ што имам во животот.

Цеце Тодосовска со синот
На социјалните мрежи често споделувате дека уште од најмали нозе ги носите децата на најразлични авантури или едноставно во природа, кога и да сте во можност. Колку е тешко да се планинари или кампува со деца? Што е најголемиот предизвик, а што најголемата награда?

Најубавите игри се во природата и доаѓаат од неа

И јас и сопругот ја сакаме природата и уште пред да имаме деца, секоја прилика сме ја користеле за таква некоја авантура. Сосема природно беше така да се однесуваме и со нашите деца. Ништо не е тешко ако на работите гледате како на инвестиција во децата. Најубавите игри се во природата и доаѓаат од неа. Децата уживаат, а и ние исто.

Цеце Тодосовска со семејството
Синот на Цеце Тодосовска
Што е најпотребно кога често сте во природа со семејството – добра организација, трпение, опрема или нешто друго?

Пред сѐ желба! Одењето во природа со деца, особено некоја подолга тура е вистински предизвик за родителите и бара добра организација и многу трпение. Но, природата ги нуди најубавите детски игри и ја буди детската фантазија. Ние, буквално секој викенд сакаме да сме во природа, а колата и домот ни се полни со камења/школки во форма на глава од диносаурус, ајкула и слично, шишарки, стапови и многу други природни материјали за кои децата се емотивно врзани. :) Нивната безгрижност и среќа навистина се гледа и доживува во природа.

Со какви предизвици се соочувате како мајка на две момчиња?

Деца како деца немаат страв од ништо, желни за авантура и истражување. Можеби еден мој предизвик е да не им го пренесам мојот страв кога тие си ги преиспитуваат своите можности и граници.

Децата на Цеце Тодосовска
Како успевате да се организирате за навреме да стигнете на „Утринска“? Во колку станувате за да стигнете сѐ и како изгледа едно ваше утро дома?

Спремање на деца за во градинка е одличен тест за нервите на родителите

Тоа е веќе рутина, а и станувањето рано, особено откако сум мајка не ми е никаков проблем. Околу 6 часот наутро сум веќе во „Телма“ и таму се подготвувам. Во принцип е мирно и тивко дома, бидејќи сите спијат кога станувам за да одам на работа. Во деновите кога не сум на емисија, утрата се поинакви и сосема спротивни од претходните. Спремање на деца за во градинка е одличен тест за нервите на родителите. Тие утра се гласни, растрчани, со многу смеа, а некогаш и плачки.

Цеце Тодосовска
Цеце Тодосовска
Каква е Цеце како мајка, а како мислите дека би ве опишале вашите синови?

Далеку сум од совршена, но се трудам да се подобрам

За нив сигурно сум најдобрата и најубавата мама на светот. А кога јас би требала да се опишам, ќе кажам дека се трудам навистина да бидам најдобрата верзија од себе. Далеку сум од совршена, не се ни стремам кон тоа, но навистина се трудам да си ги согледам грешките и да се подобрам.

Какви деца се Бодан и Симон и на кого повеќе наликуваат, на вас или на сопругот?

Темпераментни машки деца, физички се копија на тато :), а карактерно, секако имаат дел и од мене.

Цеце Тодосовска со семејството
Цеце Тодосовска со семејството
Цеце Тодосовска со семејството
Дали обврските околу децата и домот со сопругот ги делите рамноправно? Како функционирате како тим?

Секако! Мора да сме тим за да функционираме како што треба. Често сме во трка со времето и обврските, децата ни се приоритетот и најчесто сѐ во денот се раководи според нив и нивните потреби.

Која е најважната вредност што сакате да им ја пренесете на вашите синови?

Да бидат пред сѐ луѓе, чесни и праведни, со почит и љубов за сите.

Цеце Тодосовска со семејството

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Цеце Тодосовска

Најнови

  • „Еден датум, две приказни, едно срце полно љубов“: Пере од Нокаут емотивен на роденденот на две сакани личности

    Fri, 04/17/2026 - 14:14
  • dm „Работодавач на годината“ во категоријата трговија на мало

    dm drogerie markt добитник на признанието „Работодавач на годината“ во категоријата трговија на мало

    Fri, 04/17/2026 - 13:28
  • Цеце Тодосовска со семејството

    „Не се стремам кон совршенство, се трудам да бидам најдобрата верзија од себе за моите синови“: Цеце Тодосовска за мајчинството

    Fri, 04/17/2026 - 13:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.