• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Систина Офталмологија во поддршка на хуманитарни активности на „Денот на Белиот Стап“ во Сити Мол

18 октомври 2016, 10:35
  • cподели

По повод „Денот на Белиот Стап“, тим на офталмолози на Систина Офталмологија зaедно со членовите на Лајонс Дистрикт 132 Скопје беа присутни во саботата на 15.10.2016 во Сити Мол во Скопје од 11 до 15 часот, каде вршеа очни мерења со автоматски рефрактометри и одговаараа на прашањата на граѓаните. Овозможен е скрининг на преку 300 деца и возрасни, а останатите заинтересирани граѓани добија одговори на прашања поврзани со катаракта, отстранување на диоптријата и очни болести поврзани со дијабетисот.

Денот на белиот стап

Истражувања на Светската здравствена организација покажуваат дека околу 246 милиони имаат проблеми со видот, додека 39 милиони се комплетно слепи. Поради тоа превентивните мерења и навремените прегледи се исклучително значајни за навремено спречување на болестите во уште во рана фаза.

Систина Oфталмологија како дел од ланецот на хрватската Очна клиника Свјетлост, инвестира финансиски и човечки ресурси во зголемување на свесноста и информираноста на пациентите за новите можности на превенција и лекување на очните болести. Брзи и ефикасни методи за корекција на диоптријата, cross linking метода за кератоконус, најновите видови мултифокални леќи кои освен што ќе ја отстранат катарактата, ќе ви ја корегираат и диоптријата, современи пристапи и решавање на глаукомот, крварења на очите, последици од дијабетис, се само дел од можните решенија на вашите очни болести кои во Систина Офталмологија ги решаваат со еднодневна хирургија.

Денот на белиот стап

Во развојната стратегија за ширење на знаење и превенција на очните болести, Систина Офталмологија под покровителство на Свјетлост, на 05.11.2016 (сабота), во хотел „Мериот“ во Скопје, организира регионален Симпозиум, на кој ќе бидат претставени „Новитетите во офталмологијата“.

Tags
Систина
Систина Офталмологија

Најнови

  • Горан Папаз и Наташа со децата

    „Поп, три бебиња и ладна вода...“: Горан Папаз и Наташа на Илинден ги крстија трите деца во Охридското Езеро

    Tue, 08/04/2026 - 11:55
  • Ѕвездено небо во Охрид: Јаков Јозиновиќ ја разнежни македонската публика со „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески

    Tue, 08/04/2026 - 11:05
  • Романтичен момент сред концерт: Слаткар ја запеа „Кажи да“ и отиде зад сцената само за да ја бакне Сања Николиќ

    Tue, 08/04/2026 - 10:08
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.