• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Сириска бегалка спасила 17 лица влечејќи чамец во Егејско Море, сега инспирира и плива на Олимпијада

8 август 2016, 12:08
  • cподели

Сириска бегалка, која спасила 17 лица влечејќи чамец во Егејско Море, инспирира на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Јусра Мардини го привлече вниманието на светската јавност не само со својот триумф во квалификациите на 100 метри пеперутка, туку и со својата неверојатна приказна.

Јусра Мардини Јусра Мардини Јусра Мардини

18-годишната пливачка од Сирија никогаш не помислувала дека еден ден ќе треба да плива за да го спаси својот живот и животот на уште 17 други лица. Минатата година, таа била принудена со својата сестра да го напушти родниот крај поради ужасната војна и да најде начин да стигне до Германија, каде бил нејзиниот татко.

Сè што Јусра повела со себе било спакувано во мал ранец. На половина пат од Турција до Грција, моторот на пренатоварениот чамец со кој патувале откажал и чамецот почнал да тоне. Немајќи друг излез, Јусра и сестра ѝ скокнале во водата и започнале да пливаат, влечејќи го чамецот зад себе. Пливале цели три часа пред да стигнат на копно.

Јусра Мардини Јусра Мардини

„Бев исплашена, но стравот не можеше да ми помогне. Морав да се обидам. Си реков дека нема да се откажам. Дека ќе дадам сè од себе. Иако бев речиси мртва, морав да бидам насмеана, бидејќи во чамецот имаше 6-годишни момчиња. Морав да се смеам зашто не сакав тие да почувствуваат дека умираме или нешто слично“ – рекла младата девојка.

Јусра Мардини Јусра Мардини Јусра Мардини

Видео

Благодарение на упорноста на двете сестри, сите стигнале безбедно во Лезбос, од каде преку Македонија, Србија, Унгарија и Австрија пристигнале во Германија.

Мардини сега живее во камп за бегалци во Берлин, каде тренирала за ОИ. Таа е дел од првиот тим бегалци кој некогаш учествувал на Игрите. В среда, Јусра ќе се натпреварува во квалификациите на 100 метри слободно.

„Јас сум лицето на многу луѓе кои страдаа и се надевам дека можам да им дадам надеж на луѓето, да ги инспирирам и да им покажам дека не смеат да застануваат. Дури и ако изгубиш некој близок, дури и ако е војна и го изгубиш твојот дом, мораш да продолжиш понатаму“ – вели девојката која никогаш не се откажа од својот сон и сега навистина го живее.

Јусра Мардини Јусра Мардини Јусра Мардини Јусра Мардини Јусра Мардини

Видео

Tags
Олимпијада
Олимписки игри

Најнови

  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.