„Сине наш, нека те чуваат ангелите“: Српската инфлуенсерка Милица Вуковиќ го изгуби бебето во последниот триместар
Милица Вуковиќ со емотивна објава и текст кој го крши срцето ја сподели тажната вест дека го изгуби нероденото бебенце во седмиот месец од бременоста.
Српската инфлуенсерка со низа фотографии од периодот на бременоста се збогуваше со синчето и за првпат јавно проговори за најтешкиот период од својот живот. Нејзина цел е да ја истакне важноста на поддршката од семејството, партнерот и пријателите во ваквите тешки моменти од животот на жените кои минуваат низ истото.
„Засекогаш ќе бидеш дел од нас“ - стои на една од фотографиите, додека на други Милица позира на атрактивни дестинации за време на првото и последното заедничко патување со бебето во нејзината утроба.
Милица откри дека кон крајот на јуни, заедно со партнерот, дознале дека постои проблем со бебето. Следувале недели исполнети со лекарски прегледи, анализи, чекање резултати, но и надеж дека сè на крајот ќе има добар исход. За жал, тоа не се случило.
Еве ја нејзината објава:
Последниве нешто повеќе од месец дена, мојот живот повеќе не е ист. Се претвори во нешто за кое никогаш не можев да замислам дека ќе морам да го преживеам.
Кон крајот на јуни дознавме дека постои проблем со нашето бебе. Целиот јули и половина август ги поминавме во постојани одења на лекар, прегледи, различни анализи и чекање резултати.
Периодот на чекање беше еден од најтешките во нашите животи. Сепак, нè држеа верата и надежта дека, и покрај сè, на крајот сè ќе биде добро. А потоа, на 6 август, ги дознавме најлошите можни вести.
Од тој момент сè тргна надолу, а физичката и психичката болка стануваа сè посилни.
Сине наш, твоите родители те сакаат најмногу на целиот Универзум и засекогаш ќе бидеш нашето првороденче. Ти благодариме што беше дел од нас овие седум месеци. Нека те чуваат драгите ангели. 🤍
За време на престојот во болница запознав и жени со некои од најтажните животни приказни и сфатив колку малку се зборува за тешките страни на бременоста и родителството.
Затоа сакам да бидам поддршка за сите трудници и мајки кои поминуваат низ нешто слично. Во овие најтешки денови, најмногу ми значеше поддршката од мојот најдобар партнер, моите најблиски пријатели кои секојдневно беа покрај мене, но и од луѓето кои сосема случајно ги сретнав, а кои ми упатија прекрасни зборови и ми понудија прегратка токму кога најмногу ми беше потребна, особено во болницата.
Никогаш не сум била вака емотивна, особено кога станува збор за социјалните мрежи. Содржината што ја објавувам отсекогаш била главната тема на овој профил и не сум споделувала многу од она што се случува во мојот приватен живот. Но, со оглед на тоа што во јуни, на мојот роденден, со вас ја споделив најубавата вест и што оттогаш бевте дел од нашата приказна, чувствувам дека треба да го споделам и ова.
Милица и нејзиниот партнер објавија дека очекуваат принова во јуни, точно на нејзиниот роденден.
@milicawoo 1+1=3 ❤️ najlepši rođendanski poklon #tiktokbalkan #pregnancy #birthdaygirl ♬ Originalton - Balkan hitovi