Синди Крафорд, Наоми Кембел, Клаудија Шифер... Легендарните супермодели од 90-тите ја затворија ревијата на Версаче во Милано
Годинава изминуваат 20 години од смртта на Џани Версаче, па Донатела Версаче организираше специјална ревија во негова чест.
На спектакуларното модно шоу во Милано, легендарните супермодели од 90-тите години се обединија на едно место.
Карла Бруни (49), Клаудија Шифер (47), Наоми Кембел (47), Синди Крафорд (51) и Хелена Кристенсен (48) ја затворија ревијата, дефилирајќи во блескави златни фустани, во кои изгледаа како божици.
„Оригиналните супермодели“ ги заробија сите погледи и покажаа дека возраста за нив е само бројка.
Во 1997 година, Џани Версаче беше убиен на скалилата на неговата вила во Мајами од страна на серискиот убиец Ендру Кунанан.
На ревијата дефилираа и Каја Гербер, Џиџи и Бела Хадид, Кендал Џенер, Дауцен Крус и Наташа Поли.















