• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Силвестер Сталоне со бастун на црвениот тепих покрај сопругата Џенифер Флавин

10 декември 2025, 22:02
  • cподели

Силвестер Сталоне беше еден од почесните гости на Kennedy Center Honors 2025 во Вашингтон.

79-годишниот легендарен актер за првпат беше фотографиран на јавен настан со бастун, кој му помагаше да се движи на црвениот тепих. Тој беше придружуван од убавата сопруга Џенифер Флавин.
Силвестер позираше со медалот кој му беше даден од претседателот на САД, Доналд Трамп.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sly Stallone Brazil 🇧🇷 (@sly_stallone_brazil)

Неодамна Силвестер сподели дека имал големи повреди како последица на изведувањето високоризични акробации за време на филмските снимања, па веројатно користењето на бастунот се должи на тоа.

Филмската ѕвезда откри дека „никогаш не се опоравил“ од големите повреди при снимањето на акциони филмови. Во неговата реалити серија „The Family Stallone“, Сталоне рече:

„Правев глупави нешта. Никогаш не се опоравив од ‘Expendables’. По тој филм, никогаш физички не бев истиот... Не ги изведувајте сами акробациите“ – рече тој за снимањето на филмот по кој бил подложен на 7 операции.

Во епизодата беше наведено дека хирурзите му вградиле метална плоча во вратот „за да ја поправат штетата“. Потоа подлегол и на спинална фузија, при која два или повеќе пршлени се спојуваат во една коска за да се запре движењето во тој дел од ’рбетот.

Џенифер отворено зборуваше за стравот кој дошол во нивното семејство по повредата на Силвестер на сетот на филмот. 

„Не сака луѓето да знаат дека има толку многу операции на грбот“. Многу е страшно за нашето семејство секојпат кога Слај треба да помине низ операција, затоа што никогаш не се знае... никој не знае“ – рекла таа.

Нивната ќерка, Скарлет, исто така опиша колку долго нејзиниот татко трпи болка. 

„Навистина е тешко да го гледам мојот татко како поминува низ уште една болна операција“ – рекла таа. 

Целото мое детство, тој беше во болка. Направи сè што можеше да издржи и да биде присутен, но не можам ни да замислам како е секој момент да си во болка“ – додала Скарлет.

Силвестер и Џенифер се родители на три ќерки.

Tags
Силвестер Сталоне
Џенифер Флавин

Најнови

  • Ленче од Гевгелија со штркот Мишко

    „10 дена нема трага од штркот Мишко“: Ленче од Гевгелија неуморно го бара штркот кој го спаси и 3 години живееше со неа

    Thu, 12/11/2025 - 20:33
  • Jumbo во Vero

    ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

    Thu, 12/11/2025 - 16:14
  • Меланија Трамп со Дедо Мраз го шири празничниот дух кај дечиња во воена база

    Thu, 12/11/2025 - 14:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.