• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Силјан“ на Тамара Котевска е македонскиот кандидат за „Оскар“

10 септември 2025, 07:51
  • cподели

Македонскиот филм „Силјан“, во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia), е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм.

Силјан

Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски - претседател на комисијата и продуцент, Лабина Митевска - продуцент, Даријан Пејовски - режисер, Марија Димитрова - продуцент, Душан Кардалевски - кинематографер, Марина Колоска - прв асистент на камера, Иван Ивановски - режисер на анимиран филм, Братислав Зафировски - тон мајстор и Горан Игњатовски - автор на филмска маска. Деветчлената комисија одлуката ја донесе едногласно.

Годинава, комисијата избираше помеѓу три извонредни македонски филмски остварувања, и тоа: „Ди Џеј Ахмет“ на Георги Унковски, во продукција на Синема Футура, „Силјан“ на Тамара Котевска во продукција на Concordia и „Планината не оди никаде“ на Петра Селишкар во продукција на Cinepaqe Production.

При својот избор, комисијата која имаше навистина тешка задача, беше водена од синеастичката вредност на филмските дела, „силината“ на приказната што ја обработува секој од филмовите, нивната наративна, драматуршка и пикторална компонента, како и критичкиот осврт кон актуелната општествена и политичка стварност.

Друштвото на филмските работници на Македонија е задолжено за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” од самото осамостојување на Македонија, кога од американската Академија за подвижни слики (AMPAS) беше препознаено како единствена релевантна институција за комуникација, селекција и кандидатура на македонски претставник за наградата.

Минатата недела, „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои Cinema & Arts Award (Наградата МУЗА) на 82-рото издание на Филмскиот фестивал во Венеција.

Силјан Силјан

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.