• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Силен аплауз и неизмерна почит: Емотивно испраќање во пензија на наставничка од Штип

6 март 2024, 10:25
  • cподели

Наставничката Гордана Плешкова од основното училиште „Тошо Арсов“ од Штип доби емотивно изненадување на последниот работен ден.

Во чест на нејзиното заминување во пензија, Плешкова беше дочекана со громогласен аплауз од своите ученици од различни генерации.

„Ви благодарам мои драги ученици. Кога ве гледам сите од различни генерации срцето ми е полно. Немам зборови со кои можам да ја искажам мојата среќа. Се радувам на секој ваш успех. Ви посакувам многу здравје, вие поголемите генерации, посакувам вашите деца да тргнат по вашиот пат. Вие станавте луѓе во вистинска смисла на зборот. Ви се поклонувам на сите за вашата организација и за вашето доаѓање во училиштето. Нема погорда учителна во овој момент од мене. Ви благодарам за сè што сте направиле“ – вели емотивната учителка.

„До учениците кои се средна школа, оние од седмо одделение и овие најмалите мои пчелички, ви посакувам многу успеси. Да тргнат по патот на овие поголемите ученици и да бидам среќна и горда. Кога ве гледам, меѓу вас има многу лекари, професори,уметници, книговодители, економисти и до сите сфери, од сите професии. Ви благодарам за сè и ви посакувам добро здравје и уште поголеми успеси. Вие сте дел од моето семејство, вие сте дел кој овде го носам од почетокот од 82-ра, па сè до ркајот. 43 години да работиш со деца не е мала работа. Ги сакам децата исто како што ги сакам моите родени деца. Тие се моето богатство. Тие ми значат најмногу. Ви благодарам“ – дополни таа.

Гордана доби букет цвеќе и прегратки од сите свои ученици.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.