• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Сиена Милер на 44 години го доби третото дете со 16 години помладиот партнер: „Лудо сум заљубена“

12 мај 2026, 22:20
  • cподели

Сиена Милер по третпат стана мајка на 44-годишна возраст. 

Британската актерка тајно се породи, а среќната вест ја сподели во разговор за E! News додека го промовираше новиот филм „Tom Clancy's Jack Ryan: Ghost War“. Во интервјуто, Сиена откри дека неодамна роди бебе.

„Се случи. Имам малечко бебе покрај себе. Тешко ми е да составам реченици бидејќи речиси и не спијам, но лудо сум заљубена во бебето“ – изјави таа, но не го откри името, ниту полот на бебето.

Милер сподели дека е бремена на почетокот од декември минатата година, кога се појави на Модните награди во Лондон со пораснато трудничко стомаче.

Ова е второ дете за Милер и нејзиниот партнер Оли Грин, кој е 16 години помлад од неа. Парот веќе има 2-годишна ќерка, а таа е и мајка на 13-годишната ќерка Марлоу од претходната врска.

Милер во минатото отворено зборуваше за притисокот кој жените го чувствуваат кога станува збор за мајчинството во подоцнежни години, нагласувајќи дека општеството често има предрасуди кон жените кои добиваат деца по 40-тата година.

Tags
Сиена Милер

Најнови

  • Прес на Мирослав Кацаров

    Миро Кацаров ги собра новинарите на дружба за старт на втората сезона од Вечер по 8

    Mon, 09/28/2026 - 20:00
  • „Со гордост кажуваме дека е Македонка“: Орден за Светлана Мојсов, научничката заслужна за откритието зад лекови како Оземпик

    Mon, 09/28/2026 - 14:36
  • Доктор Злате Мехмедовиќ направи свадба со саканата Маја покрај децата: „Најубавата одлука во мојот живот си ТИ!“

    Mon, 09/28/2026 - 13:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.